Ристо Ѓ. Јачев. СИВИТЕ ГРЕБЕНИ 1. ПЛАМНАТИ ПРЕДЕЛИ ЧУДНА ЕСЕН ВО ДОЛГАТА СТРАНА Најпрвин проклета рака ми го заниша лисјето на моето детство; потоа с# како да се смири: и пепелта и плодот под листот на калинката и галопот на коњот и деновите од годините. Навечер влегував во одрината меѓу оросеното сребрено лисје да гледам како се симнува мојата опашеста светулка. Громови сееја отровни искри. На мама ѝ се сушеше рамото па палеше свеќа над Црвен Камен јас како преплашена птица ги гледав детдките сенки како ги симнуваат на старата река на поило. Беше некоја чудна есен во Долгата страна паѓаа дождови Од костеновите крошни ми се јавуваше татко како светец потоа со недели на ладниот ѕид шареа сенки со тврд чекор и мек поглед и се така до пролетта кога излегував како модра пеперуга од сребрена кутија. А наоколу дебнеше смртта. Наоколу се дигаше маглата како пурпурна свила На ладниот ѕид црн череп страотно отворил вилица моето детство трчаше по падината каде што ги оставило годините и сонцето гласот мек на ѕвездите што тивко венеа во сивата тишина на есента. О, најпрвин проклета рака ги заниша лисјата на нашите детства; и гнасна рака низ лесен ветрец н# закопа во лозјата; потоа с# како да се смири: и пепелта и плодот под листот на калинката и галопот на коњот, и деновите од годините. ЕЛЕГИИ ЗА ПТИЦИТЕ И ТЕМНИЦИТЕ 1. Ноќ е, ниедно доба. Ноќ е, ниедно доба. Од под урнатите стреи испискуваат птици и темници. Над Црвен Камен каде што заклаа наши убави селани каде што земјиштето е голо, каде што ништо не никне добитокот низ вресок го кине оглавникот веројатно од крвта која оживува или од ѓаволот. На средсело ко на водици меко шумоли голиот јавор од кој извира вода што го полни широкото корито во кое со снег и солзи го пуштаа крстот. Во дамнешната кафеана свети борина, гостите полегнати се градоболно ничкум. Прагот наш е изгорен. Стои само дупката за костени. Како уши на црна коза стрчат корењата на одрината. Застанувам! Не можам да се изнагледам. Иако ништо не препознавам, знам дека сум дел од овој пекол од каменот што останал непомрднат. И додека упорно се трудам с# да забележам, да видам чувствувам по лицето ми капи жешка скитничка роса. 5. Секнато е чешмичето Застанувам. Секнато е чешмичето, само белиот камен стои како старец. Од сивиот гребен се свалкува месечината држејќи во празно око млад покојник. На патот исечени стебла стенкаат во мирно време останаа без својот род. Во долот тажно завива пес а во нивата на вујче плаче дедо како болен иако е оддамна мртов. Каква злодоба. Какви ли привиденија сноваат околу старата племна кои ли се овие разгалени љубовници што пеат низ кристалната ноќ како низ далечни месечински лозја? Дали светците од урнатата црква или сестра ми од гробјата со сламени чекори ги предводи мртвите во ноќен поход? Тоа лице направено од огнени солзи направено од ноќни ѕвездени искри од темното чело на питомиот ветер Ноќва го поканувам до мртвото чешмиче од сликите на солзите собрани во извор да се напие па да воскресне кога немеат златните татковински шуми кога без име и пород се враќаме во немиот свет на сонот каде што плачеме. 6. И воздухот како да стоел со годините И воздухот како да стоел со годините и тој како да ѝ се молел на богородица на златноцрвената есен истегната до исушените мртви корења. И никогаш како да немало моето одринче живот и службата божја сред ниви запустени крај паднатите очи на коњот до сончевото сено. И како никогаш да не сме имале име и имање силен рик отаде златните шуми летни бури врз преплаканото лисје и вик, и повик, и љубовен шепот сред ѕвездена ноќ. И како куршум да н# нанижал во годишни доби во венецот на спомените вистината да не можеме да ја одделуваме од сонот. СЕКНАТИ ИЗВОРИ На Т. Георгиевски Крај Попов Кладенец до катраносаните дрвја на оптегнатата височина тивко свири дожд. Ветрот се качува на жолти лисја и ко да валка гнили ларви, најпрвин ги тепа страсно потем ко змија им с’ска. О, да појдеш на Попов Кладенец погоре од Градешница наслушни зашто знам: не е ветерот туку нечисти раце го трујат пределот. Јас и на сон ја гледам таа слика како болното дете молкум се распаѓа. Ако појдеш на Попов Кладенец жити двете кротки очи, наслушни како секнува нашиот извор! СВЕТА ШУМА Има една шума во која се мрестат ноќи, еден бистар поток, една црвена вода накитена со алги покриена со стреа од провиден песок. Има една темна зандана, една мрачна кула во која на белите птици со цветен прав им се врзани крилата како со синџири нозете на расни коњи. Има една шума, во мојата душа една проклета искра, заклокотен катран, во која билките на тивок ветар се лулаат како маѓосани самовили, има една слика на мојата мртва сестра, на мојот мртов татко, на мојата пуста земја, и има еден лик; ликот на мојата тажна мајка. Има една Света шума, една вечна шума со сивиот кремен на есента и чемерот на душата. И се е тука, и се е тука само јас сум далеку во сопствената урнатина. РИСКА Додо, утринска капко од шумни предели и ѕвездени сводје, најблизок дену исчезнат од рик на Бурандар под планинска става, сега кога си само златен спомен, исчезната тајна отров приготвен за вечен пат во сребрена чаша поведи го со тебе цветот од бистрите водје — мирисот надвор од градината, татковата става, Ичко — белото дете, говорот лут на зимата знајна што те памети како чемер и буна наша, поведи ги каде смртта пати над костените до ѕвездениот поток крај скрката слепа каде коњи пијат вода, небесни капки! Додо, поведи ги иако во тебе ноќ страшна се врти, собери си ја невестинската прикија и поведи ги: Ичко сабја што клепа, кожата од лицето на татко и ситните стапки што потсетуваат на пепеласта маслина, на приквечер јасна, очите на нашиот манастир на тажниот спомен, душата на нашите ангели неврат што ги влече. О, собери ги и поведи ги во мигов кога тргнуваш низ модрите води каде денот ти згасна, низ снежните кристали на остриот камен, а сепак ломен со клетвата на маѓепсаната шума што леко тече низ нежната глава на белото дете, поведи ги и научи ги како се буди гром во ноќ црна како се љуби коренот дедов, како изворот блика во таинствената долина каде ќе лежиш во окото на убиената срна. ПРВИОТ ДЕН ПО СМРТТА НА СЕСТРА МИ Првиот ден по смртта на сестра ми, низ жили н& мина црна коњица, убавите зборови лежеа во коприви во очи на кисели војници. Светилникот се лулаше меѓу двата брега со питомите костени и жолтиот прнар и изгубениот рај. Месечинското окце мислам и сега тагува за наплаканите маслинки за кадифениот сјај, за легнатата стомна испукана од жега за мајка што тргнала на сопствениот погреб, а нежна со ѕвезден шал од лисја на златна јаболкница, со камена искра под око од светулка нежна, но без тага оти ќе лежи во темна суводолица. Денес сум сигурен дека по смртта на Дода низ дамари н& мина црна коњица, дека јужните ветрови ги гризеа луѓето, ги тресеа трески, дека убавите зборови, спијат во коприви, во очи на војници во крвави зори лицето на Риска како столетна фреска три пати јавно премачкано од минато до заборав додека не се претвори во бубачка на ѕидот што и потаму ќе си ги јаде сопствените крилја зад ридот, каде што сите сме затворени во сребрена школка со јасна ненаситна болка. Боже, И светилникот се лулаше меѓу двата брега, питомите костени, жолтиот прнар и загубениот рај. Месечинското окце мислам и сега боледува за овенатите маслини и зелениот сјај! ЧЕТВРТИОТ ДЕН ПО СМРТТА НА СЕСТРА МИ Извираа водите на пределите во бело, рикаа црвените струи и полудените крилја на една пеперуга убиена над село! О, кршеа става билјата во ливадите криковите во планините, срамежливите трепкања на светулките од герданите. Гргореа скитници во стара дреа и јадеја земја. Од секоја билка, од секоја магична тревка гологлав поп бараше болката да ја греат, да ја топлат, да ја задушат. Леле, жолто беше летото и фиданката кревка, надојдената вода на речниот поток што плачеше за исчезнатиот уток по првиот допир на лутиот снег. Господи златен, ти што ги напои жедните со вода, а на гладните што им даде небесен клас на четвртиот ден од таа грешна недела на четвртиот ден се лизна месечината, згаснаа огништата, исчезна пределот како мек дожд што го пие жедна земја. О, во миг роденото дете пред очите на сите ја побара за жена Северницата! ЗА ЕДНА НОЌ За една ноќ се соблече месечината, се испоти лушпата на младиот костен. Во градината си изумре цветот. Слушај како исплашено писка сојка! По оваа ноќ мама кладе црнина на вратата наша скинато крило од облак, па ја облече Дода во невестинска руба ја натокми ластовичката за на пат. Истата ноќ на Црвен камен се симна ѕвезда се напи вода и се удави. Заплака многу тажно нашата шума нашата шума гола вдовичка. — Ичку, нав#дни се и бакни а земн’та ут срце твојта умр#на сестр&чка оти ти с# шо знајш знајш дека спие и дека душ‘та муј пирунига и оти врте и дека вечну ќе врте ву тебе. За една ноќ се соблече планината, по падината доплови гласот на светкавицата исплашениот крик на каменот гангливиот говор на бурандарот! КРУВЧЕ Иако тревлив татко едно пролетно утро ми рече: "Ичку, стани, ајде да го буцниме дрвцево." Засадивме коренче бело како свила. На пладне нашето крувче беше се свило како тешка жена пред пород. (татко без збор исчезна.) Квечерум легнав со тешка бапка на срце. Бог знае колку сум сонувал. Но, кога се разбудив моето крувче беше го пресекле со неклепана секира. Леле, по тенка става му течеа горчини! БАРСКИ ЦВЕТ Сред празно гумно, под планински врв во бела фанела испрскана од крв, бос, лежи мртвиот — така го паметам Ичко Ѕимај. Крај главата има: сиво сито со пепел, запалена борина ко свеќа, на модро чело небесно предиво што затнало душа заморена, во раце зелен огламник од добиче, овенат букет од барски цвеќа — еден дури жолт како меоечина згора и крвав. Господи златен, во кој свет го упатил погледот жеден, во кое море истеченото око овој заспан ловец на див горски сокол што испил непознат нектар, дал бара надеж ил веќе се претвора во скинат барски цвет и уште свенат. ИЗУТРИНА Се изрони кристалниот камен на цветот, бистрата солза на питомиот костен што беше фатена од лошата болест. Гнглив е зборот на човекот додека бесни бурандарот во дивината. Подвиени се влечиме зад запрежна кола, таму, напред гологлаво дете носи крст, венче од коприви оди од рака в рака. Бурандарот со тап поглед го прасекол небото, крвари... и нему како да му е сосема јасно од што н& умре најмилиот. КНИГА НА МРТВИТЕ 3. (така зборуваше татко) Откако н& ја расфрлија пепелта под маслините и јурнаа по нас како по елени за клање низ онаа мрачна шума до црквичето го слушнав говорот на татко во мене: — зад дирата твоја сега ќе подиве столетната капина, за навек ќе изгасне огништето наше, само мртвите ќе си шепотат меѓу себе за тоа што некогаш било ах повторно никогаш нема да биде, но ти да не заборавиш, на третата вечер трите самовили ти запишаа повторно да не создадеш во топлата постела на Кошариштата. КНИГА НА МРТВИТЕ 4. На Стојан Јачев Над глечерските езера минаа два бели гулаби, до нас од мрачните шуми допре крик на ранет крупен дивеч. Во ладното око на водата тивко се истркала лицето на месечината, во стрмната шара на планината ко висок бор се залула сенката на мртвиот. Господи, веќе со денови бијат тажните камбани. Од непроодниот камењар нема кој да ја донесе душата на нежната пеперуга. О, брате мој како да стигнам до тебе? Како да те извадам да те оттргнам од ноктите на ноќта?! РОДНОКРАЈНА ПЕСНА Дај ми го твојот предел што крвари дај ми ја пепелта под маслините цветот нежен на калинките. Дај ми ја крвта на убиените што ноќе се пресоздава в сениште па така саноќ довикува; дај ми ги пресечените јавори, чешмичето, секнато на сред село, прагот прадедов измиен од солзи, лозјата што молат за машка рака, за жедна уста од старо трпко вино. Дај ми ги младите липи што липтат како небакнати стројни девојки. Дај ми го малечкото соѕвездие, Големата Мечка што бега ранета о, ждребето што ‘ржи исплашено кога шептат рој светулки низ ноќта. Дај ми ги годините што минаа низ гробиштата и океаните; Леле дај ми ја, најнакрај, дај ми ја убавата песна мајкина тивко што си ја пеевме сека недела, што си ја пеевме во Света Недела ти ветувам најдрага родена - ќе живеам ко ништо да не било! 2. РАЗУРНАТИ СТРЕИ ЕЛЕГИИ ЗА ПТИЦИТЕ И ТЕМНИЦИТЕ 7. Ај жали да си плак’ме А и да си плак’ме си останавме бис замничк’та н’ Голината пуд прснату небу, бис нив’те ву Леништа н’т цикнати к’мења, бис плем’те ву Гумн’та Ти и д’ с’расчесниш и пепел д’ станеш земник’т’ нит ноќ ву стогв’те пејт змии со чувечки з’би ах, мајката на мама на три и гу здрубија срц’ту. МИЈКА Ву уб’вта мирнутија н’ нојќт’ Мијка минаја Бел’те светци натукмени су ј’болкув цвет. Ву нојќта пут ѕвезди к’ту уреј Мијка Диви сојки и г’врани врт’ја су вет’рот шо дујше ут шум’та н’т наш‘те стребрени п’сишта н’т наш‘те стребрени грубишта. Ах, аку н’челту им’ш ѕвезда Деница некуј нечуен рик и трејс’ше пољте н’ душ‘та и знајк: к’ту сл’поок бис пуштука п’тув’м н’к’ј сретнојќта. НА ВЕЧ’Р На веч’р гу слушакне к’вáлут на увчáрут. Пут стрèјта гугèа с&ви г’лáби. — О ... еј ... са слуш‘ше ут шум’та — зилин&к’та и н’чурлув’ше ушите. Таче пијáн си &дише, л#ле мáјку с’та нóјќ ем си лáфише, ем си п#јше. Ут бучк’та пукаа куст#ни. Пут Гр#бин н&чкум са вл#чиа с#нки, мáма дóма си а кубише кóс’та а ниа д#ц’та плáкакне ву мутл’та. МАМА По долг пат и глад по многу непреспани ноќи само од устата на мајка ќе чуевме: — Ќи са врниме ... боси не боси, ќи си ојме дома ќи гу видиме Гр#бин златнијот прстин на Двете Уши и слатк’та вода на Танáсув кл’д#ниц ... — Не знам зошто мајка само еднаш во годината така ќе изустеше. Последииот пат ја фати шамијата и вресна: — Ичку, ти мајкин а слушаш нојќта, та б’рбóрка к’ту празна вудин&ца слушаш а не пулиш; ни лице има, ни душа има, с’му долу, ногу долу глава ут в’мпир. Пиле мајќину, там с’те са з’купáни и дод ти Риска и тач ти Горѓи и дет ти Митре и крајнта пашка на свитулк’та и крајнуту чувече на óкуту... — Пред троа време мама си ја зеде господ, ние ги слушаме мулињата како рикаат и пулиме по патиштата да го видиме од некаде нејзиниот ТАТКО Вáдин сâте ни дујдеа: Вујче ут Свитил&ја су иднâ кâлѝнка и су грс кустени. Бóже сâте ни дујдеа: тетин Ристе ут пâдѝнта дек шо живе у папрâтта Вујче Митóди ут Превалиц су мâтáркта зâ вóда нó пујáсут, чичи су трите мáксâма. Вáдин сâте ни дујдáа: дâ гу вѝат тáче. Сâму он су утвурена уста си лафе: "Ќи си умрам, ќи си умрам, ај как ќи лежам у тâ пуста, у тâ пуста у та пуста црна земна." Сâте плâкме, сâте плâкме, сâму јáска бâлауш си гу п&там: "Шо ќи прајме јас и Славка, и црниут пâт шо сâ вие ду нашта зора кâту змија?!" Сâте моучâт, сâте моучâт бис лаф у усттâ и бис жау у óјчте. Вáдин сâте ни дујдеа зâ дâ гу пуштме таче дá си óде, дâ си óде. ЗАГУБЕНА ПАДИНА Така како дете, мама ќе ми речеше: — Ичку бе, ним пули н’т пл’н&нта дек шо пие вода мис&чинта нојќај легни си ќи ти дојде ву сонут к’ту шумска нивистулка, с’те деца т’кá прав’т а сунув’т. Така како што одев го загубив сонот без сон сум до денес. Денес нема кој да ми рече: — Ичку, ним пули н’т пл’н&нта ним пули ву мисич&нта, оти и они ослепеа со мајка си умреа. Ете така само јас како ѓавол вртам. И како низ темна камара и како во затворена матара низ главата ја барам невестулката самовилата со плетената опашка во мојата загубена падина. К’ТУ КУЈЌ’ТА НАША И ва кујќа стое сама, к’ту исушена бука на ридут — к’ту кујќ’та наша пут Димна гора. И тука никој не з’ст’нува, к’ту пиленце су нојќ’та са требе. И ва кујќа е ву колнáта див&на бис п’т, очи и цвете на п’тат, к’ту скршен мисур к’ту удврзáн гашник на мома в’глусáнка к’ту мојта душа. И ва кујќа нема име и од ваа кујќа кој исп’днáл на некоа п’тѝчка к’ту јадник ќи си умре. КУШÂРИШТÂТА Не знâм зâшò сâ изнâплакáме та нојќ, дали оти Кушâрѝштâта изгуреа или оти Мијка бише субрáна кâту ситна дождува капка? Не знâм зâшò са изнâплакáме! Бише есин, пил&јнта си одиа јаска ву мутлâта нâ мојта душа ‘и палâк очите: нâ Дода, нâ таче, нâ мама. Одикне нис некоа глогува шума и си плáкакне. Нâ Мијка соуз’та бише кâту увинâту цвете, Јуван нâ Кала заспану дете, Кушâрѝштâта стâпнáта јапиа. Ах, мâјкâта кој ки знае зâшò сâ изнâплакáме тâ нојќ? ОШТЕ НÂ ШО БОЖЕ ДÂ СÂ СЕТÂМ Гу скукнáме денут лâснáт, слóнциту су пудив#нта пашка чин&чкинту цвете и зил#нта нива пут Тâнáсув клâд#ниц. Нојќта гу слушâкне диш#јнту на Гребин— дигáјнту нâ плеќите и паѓáјнту нâ плеќите, кâшлâјнту на беута ѕвезда рикáјниту нâ кравâта ут племнâта и су блага душа и су блага мирнут&ја си а врвикне нојќта. Ву есин сâ симнувâше жешкâта искра шо има очи кâту цвете ут пâтáт кâту бела мома дâ сâ нâп&е вода нâ &звурут ву Нисија, пâ гу уткупчýвâше златниут фустáн зâ дâ гу приб#ре пут негу својут сâкáн. Б&ше времиту кога су чипâрáшка скинýвâк грозде ут удр&нâта, кога дет Митре ни д#укâше пушки зâ дâ и тóучиме децата ут доунáта мала оти б&ја Мâџ&ри и оти ногу сакаа дâ сâ кâту бурâндáри. То б&ше времиту кога си п#чикне куст#ни ву диб#лите ѕид&шта на кујќâта наша и си а пејкне нашта Кулимáнува песна, кога нâ сриднојќ на главâта ми врзýваа венче ут кâп&ни шо дод Риска гу имâше исплит#ну пут Кушâр&штâта. Ах, мâјкâта оште нâ шо боже дâ сâ сетâм!? СЕНКÂТА НÂ ТАЧЕ Дрепâв урâч бис ралу и дуб&ци нâ нашта прд&ја зâстâнá и црну сен&ште зâ црну сун&ште рâскâжá: еј гиди мајку сâдил пâпуда никнала клетва Дрепâв урáч ву идѝн ден мојта коа а зâкупá и си зâминá. Сега кâту пут зилена вода кâту нис смркната шума дека шо пилци на са пилат. нејнâта јâпија кâту сенка ут таче а пулиме как снова и молчиме оти дрипавиут урач ниј ногу блиска рода. СЕНИШТАТА Сâ оѕрнáме ву Димна гора, небиту бишв црну кâдифе, земнâта беу вршник нâ кој кâту на снежна капа ветруви цикаа кâту вудинички камин, кâту сива мама кâту жоут таче у кола ут била дек венат кâту прчки вишнуви а пулат: как на Дода очите му сâ тркáлâт кâту две црвени, абука, как Мицка плака, как Ичку ѕвездите ву смрекâта ‘и пала как ноѕите нâ којните сâ тресâт как изгуренту оелу шопка: ах, мâјкâта сега нема кој дâ ‘и лове сенѝштâта. ТАМ ПУТ ДОУГАТА СТРАНА Кâ зафáјќа дâ сâ симнува мâглâта, грев дâ нем сâ писа, се чинам пут стрејта наша сâ кријâт вунтури. Мâ дупнува врагут пâ гу утварâм џамут дâ видâм дали дод Риска сâ смее ут цветут нâ аббукуту. Тутки поп си, си мислâм и пишман ногу пишман станувâм, оти дод Риска нâ месту áнгеуче ву жоута спуза пуминува, оти фâкирите вунтури бегâт ут мене кâту ут тимјан кâту ут куришница кâту ут смрдлив лук. Тâкá ногу нојќи јаска пуминувâм, пâ чекâм дâ сâ крене мâглâта. А кога ќи сâ крене гу турнувâм џамут а то пусту ќи си писне кâту дот Риска дâ а пуле как са смее... ДОДА Три нојќи Дода убличенâј кату сâмувила. Пут беута коса кâту пут слама нâ гумну кâмбани бијâт. Ниту плака, ниту страк има сâму пут челуту идна жоута кâпка му сâ симнува. Три нојќи сина мâгла нâ пукрива. Ут пут брестут крава дувикува, ѕверуви бегâт низ куријта нâ кâј Доугâта Страна, мама су зâсирену око пулс ву грубиштâта кâде трча упоутена ѕвезда. Мајко моја, а има тро време вара, пала пак пилијнâта дâ сâ врнат Дода да а закопат. Дâ ни дојдâт ву душâта дâ ни легнâт кâту ветâр да ‘и носиме су мâнтијта нâ госпут. КЛУЧ Френкут ут смачканâта катина ут вратата на кујќата наша на вратут гу носам. Грамадоса сонут нâ таче, услипи ѕвездâта и мама и јаска и Дода. На грубиштâта блее бајче, умрениут лаф нат цâрните плочи и засирената нојќ ву маслините. А клучут, јагу, на вратут гу носам саму не знâм декај рâѓусаната катина.. ЗАПНАТУ ВРЕМЕ Чикâр пу чикâр са симнуваме ву земнâта. Нâвидени сâ сивите бчи на гбспут. Нишчу на можа да нâ пудигне, дâ нâ крене, кâту деца дâ нâ помилува. Милу, милу, а сакâме и бâкнувајне и песна ут грлу и фуска су вода; паленâта кога ни бега кâту шопкајне дека кремнуту ни ‘и има пудадену рâците. Еј гиди и така саму су душите седиме и пулиме как времиту запналу на нашиут род, на нашту голу дрву прâчките да му ‘и кастре ут дблу на горе. КОЈ МА КАНЕ Кој ма кане, кој ма кане ут Црвен Кâмин кој мâ вика ут дека волци вијат дека мојте очи мирно спијат. Кој мâ кане, кој мâ кане; дал е ангеу ил чувек боже, там на севир, там ут севир ву мен пуле адин бесин ѕвер. Кој ма кане, кој ма кане кога кâту живу сребру истичувам кога ву бела нојќ пуминувам, кој ма кане, кој ма кане?! ШАМИАТА Мурници низ душâта ми минаа Плâнинâта е субрана ву врзана шâмиа. Нâ главâта ми кладеа венче ут малини, а главâта у камина пирница ми прупâдна. Ристосе златин, нâт мојта пирница зимата сâ симна; Ву нашâта кујќа умирачката влизе су чикор ут слама утвурената уста на гробниут вâмпир. ДЕЈНА, НОЌА ЛЕЖАМ МИЛА МАМО На ссстра ми Риска Прицикáја дѝвите пилѝшта, приблијáја три руди јагáнца ву нидела пут иднó дрвѝче, ву нидела ву нашта градѝна мила Дода ми са разболе, ју тбрник Дода ми умре, ју ч&твртук мама н’гропче ми зајде. - Ах, ти мило, мило ми пиленце, дал ти теже плоча мраморлѝја, ил ти теже кршче позлатено, дејна, ноќа лежам мила мамо дејна, ноќа се ју матни води матни води твојте мили соузи. СÈ Е НИЧКУМ ЛИЈО МОРИ Се е ничкум Лијо мори, се е ничкум. Балаушка земна си станаме никој, никој не сака да виде, чувек-чувек јаде кату зрело абоуко. У жоутата прикија Лијо мори си останаја наште топли соузи, немјот ветар Лијо мори немјот ветар шо немо дуе ут иднијот крај на другјот, болно лафе Лијо мори, болно лафе. Ај на наска лаф не ни требува кога ни са лула Лијо мори, кога ни са веје нашта сива пепеу у црните кустени. Болис тешка ки ма скине Лијо мори кога ветрут трча кату нашо дете ву запустените градини на ноќта, у нојќните градини... Се е ничкум Лијо мори, се е ничкум. Мен Лијо и теп сега никој не на сака, никој не на пуле, не на бубле нема Лијо, нема кои да на кивирниса у нашто темно ми дулапче. НИКОГА ДА НЕ МЕ ЗАБРАВИШ Во една ноќ легнат под оревот стар, под велестовските гробја на сон ми дојде мајка. "Ичку, мајкин ти не пулиш, види там как тече, тâ вóата ут Нисија накâј нашту море. Ичку мајкин и јаска тâка си бдам. Ним дâ плакâш милу чеду јâ гу мојут пâт, а пу пâтут мâ носе мјут беу ангеу зâ. дâ му гу даам црвенту уг&нче ут мóјте очи. Пиле мајкину да ми ојш су здраве и здрав пâт дâ ми имаш, дâ даде Госпут никога дâ не мâ зâбравиш." А ПУПАДНА ИДНА ТЕМНА М’ГЛА Гука н’ среде птут дек одијк пуг/дна идна темна м’гла пукри две летни Суцијна н’т грубиштта дек се с’ сене и дек и нојќа и дејна идна лична с’мувила вене. Ја врни гу којнут’прицикувам, у нашта кујќа приспастрена ки гу најш мојут сребрин прстин, аку не тука ки ми лежиш су уста утвурена к’ту жарчиту шо ако жеже шо умира, шо умира н’ високо небе... И ТАЧЕ ЛАФЕ ВА НОЈЌ Се‘ субраме к’ту капки дош, с’ субраме з’ д’ вијме, з’ д’ вијме как ки кова как ки кова во арап. У црни ‘рци а стигнал Мисичинта Мисичинта к’ту лис увинат, у црни очи леле у очи оганче му пуигрува никога не заминат. К’ту ровја крфиј он ми боде, деј гиди у мулиту билижану шо и ва нојќ гу носат н’ поилу ама сега е путкувану. Ај д’ даде Госпут д’ пуживе д’ пуживе арапче дубици д’ поткова, д’ поткова нози с’мувиуски нојќта темна д’ освете! МОЛИТВАТА НА МЛАДИЧОТ – Кој шо сака нека лафе оште на пинците си а носам мојта земна, си а носам и сега дур ду дома дек шо, дек шо деду н’ читири нози стое. Ах, д’ можам д’ си легнам ду твојта мека топла снага пор’досен ут мен ки нема у с’та лична Крџова. Боже миу шо станалу, тука д’ услепе мојту Суонце, ут никуј не видену, ут никуј не чуену. Боже миу дури вадин ми к’жаја дек у воота истичелу су нејнуту оку упулено упулено а умрено! ПАК С’ ПЛАШАМ Гу субрáме ѓóнџету, гу спастриме ама јаска пак с’ плашам óган д’н’гу изгóре. Страк ми ј’ут ж#шк’та смóла и ут глáсут шо иде д’м’зева д’ м’ нóсе подóлу ут вóата. Вáдин мóјут живот се пóвичку л&че н’ сенка шó в’рте низ шýмта кóга ми са чине ки м’ издрáскат н&ските разигрáни пр’чки. Златен Гóспуди, п’лен живóт, кáкву ѓóнџе тáкуф гн’син живóт! ДЕН З’ПУКАЈÁЈНЕ Бѝше се тýка и при теп. Дýри и баутѝјга у ќутýкут, б&ше даубóку к’ту ву месо з’ри#на. И вóата ву трáпут пут Тр&те Клад#нци. Сáму скáлте ут ц’рквта зееја к’ту прáзна умрена мýцка. Највисóку стóјше мóукут су иднó изрунету зрну сóуза. Н’месту д’са пукáјме: седиме, јајме а вѝлијцте нѝ штрáкат. Подóлу иднá пуцрвинета дренка ни са з’бе к’ту д’сме на дрýгта стрáна ут крáставиот живóт. Да дáде Гóспут, се д’с’запýсте! П’ЛЕНУ ВРЕМЕ У п,ленту време, там устанá пóпут, присичента камбана и з’пустенту скáло пут кој тачти прв п,т м,фати з, р,кта. Устанá пóпут д,кр,сте убави деца, аку даде Гóспут, кчту ангели у зилинилто н, шумта. Н, наска дод Марија ни гу даде птут, страмут и м,кта д, и нóјсме ут Вилигден ду Вилигден су миризмата на óгинут пут кој не расте цвете óти се умре у идна грамада ут гн’сутија. КАМЕНА ПЕРНИЦА 4. (мајкината песна) Прилитнâа две гâлâби зâстанаа нâ идна цреша уруниа две-три цреш и вулусáа бела риза. Прицикá дода Риска, привика ут гробут, зâплакá; — а ј дâ 6 јте ду две гâлâби дâ гу нâјте невин Ичку дека камин зглаве си клâдело, дека шумка пукров си фрлило, да гу нâјте да му кажите спулáј дâ му речите оти мâ устави дâ станâм црна глáмна, бела перуника. 3. СРЕБРЕНА ИЗМАМА ГЛЕТКА Во ден без ден запалено е челото на небото на кое е потпрена наметката на квечерината која гори под кадифестата кошула на небото. Моето срце престанува да бие во размножените денови во кои имаат расцутено пролетни молњи. Овде веселбата на боговите е на самиот врв. Утрово полека ја соблекувам мојата кошула. Наведнат над својата чистотија полека започнувг да тонам во некоја мрачна длабочина. Чедно пресоздавајќи се во трпелив час една измачена планина започнува да ме довикува овде кајшто никој и никого веќе немам, овде кајшто само една птица, една малечка птица весело и стамено врвот на небото го бакнува. СЕКОГАШ КОГА НОЌТА ЛЕГНУВА Секогш кога ноќта легнува над маслинестиот предел, во лозјата се мешаат ѕвезди со црвено камење багремите нечујно треперат крај езерото молчи сребрената зимзелена шума. О, златно дете си игра со меката светлина на ѕвездите ветерот заруменува гласот на птиците замолкнува под зелениот килим езерски со очи стаклени довикува жаба Тивко ѕунат црните чекори на ноќта. Молчејќи некој ми оди по зелените скали на душата; чувствувам ќе се урнам како ноќен град кога се догледувам на езерското дно крај алгите! СТУДЕН МРАК Овде јас не знам кој подобро лета дали јас или мојот кроток ангел кој ги носи моите скршени крилја? Во студениов мрак често го гледам како ми ја отвора рајската порта, како ми го покажува кусиот пат по кој имаме тргнато да заминеме и јас и тој за век и веков. Еве и сега ми се чини трепери и како да плаче со мојата ѕвезда удавена во матните полудени води, и како тајно да ме довикува во летните денови меѓу цветовите во мртвиот предел на моето детство. КОГА ЌЕ ПАДНЕ ЖОЛТИОТ ЦВЕТ Кога ќе падне жолтиот цвет; темна магла над синото море ѕвездениот превез крај минералните води каде што шепотат извори, а над нив има вековна мрачна шума осамен вакафски дворец ќе ме најдете сам во ноќната плима! Тогаш не мислете на дабјето што шуми тажно на ветрот што ткаи болна песна на камениот бисер во окото мое влажно на белогривите коњи што ‘ржат бесно! Бакнете ја земјата, осамената гора положете ми китка и одминете в зора. . . КОЈ СУМ ЈАС Јас кревок што сум како онаа темјанушка на полноќ што се кријам в мрак од месечина што стаписано се ѕверам во питомината на пејсажот што окото си го барам во жолтиот лист на есента а солзата во меките води на дождовите Јас што земам молив тоа исплашено чудовиште што го земам в рака да ги регистрирам болките и добите во душата рикањето на кравата отаде лозјата кој сум Јас која појава на која & се закануваат која билка која подмолна ѕверка? Јас, кој сум јас и што создадов освен тажни зборови кои ѝ го параат срцето на онаа кротка сенка што до крајживот ќе ја носам во мене како проклетство. ЕСЕН Ноќва морничаво се симна есента. Во Детската градинка овена лицето на тополата како лицето на старица што боледува од тешка болест. Мојата неочекувана есен зачекори со невидливи стапки низ питомите леи на оваа душа што мисли дека с# уште има младешки сок. А никогаш не мислеше дека еднаш ке дојде по летото; жедно го пиеше цветот срамежливо со тенка става како шумска самовила и никогаш не мислеше дека толку блиска е тагата. И како да мина с# како да патува кон вечниот залез проклета мисло, дал времето минато го тревожи или Драгиот Камен во него умира!? ПАДНА И ПРВИОТ СНЕГ Падна и првиот снег претпоследниот знак на бербите гранките на дрвјата со раскошни круни се симнаа доземи од тешкиот товар на убавата невеста направена од бел цвет. Дали оти мислам на тебе, дали оти ме порази стравот или оти не можам да избегам од страшните соништа дали оти сакам да те чујам, да те видам здрав да те видам, о Свето Писмо на моето постоење: дали оти зелениот растел што мама го насади создава живи разиграни сенки во влагата над тебе дали оти ми недостасуваш, оти ме фатил бесот оти не верувам дека те нема, дека те нема дали оти постојано слушам редења се раздрдорив како загрглавен јануарски ветер не знам, не знам, не знам?! Па сепак, ако не е дојдено до тебе; паднаа многу дрвја во шумата, на првите снежни ѕвездички многу им се радуваа и твоите внуци. ОГОЛЕ ГРАДИНАТА Се симна зарипнатиот глас на ветрот— оголе градината, оголе градината! замрзнати китки ми ги покрија стапките, исчезна зелената насмевка на денот ми легна ладен здив во пазувата како собрана уста на расплакана старица што допира драга надгробна плоча Замре песната на птиците, песната на птиците како гламни се нишаат гнездата реско плаче ‘рѓосаната врата, оголе градината, оголе градината! Оголеа кривите леи, жолтите черепи на сончогледите мајко моја, мајко моја, искро осамена, како никогаш да не си била најубав цвет во оваа тажна слика како секогаш да си ја имала болната лика на длабоката есен! ТОПОЛА На мајка ми Стои осамено тоа исушено бело дрво под него како прекршени крилја на вечна птица ветрот ги ниша болните гранки. Боже, од кога ли ги нема видено своите лисја? Некогаш горделиво ја кршеше тенката става ѕвездите распрскуваа во нејзините коси минуваа доби, труби на воини, лути зими таа со солза в зелено око сркаше од сувата земја Навечер ги ширеше сребрените раце на поли и заспиваа брзоноги елени. Навечер ноќите & ги пиеја солените капки, а таа молкум, насмеана ги бакнуваше. Денес стои осамено тоа исушено дрво на чело & се врежале кристални брчки. Стои и ко да чека глас на прва рожба— позната мила песна од тажната младост. Стои исправено таа прекрасна тага црковни ѕвона ѝ го параат старечкиот бој. О, и како никогаш да не постоела кога и наредува на душата да молчи. ПОД МОИТЕ ОСАМЕНИ КОСТЕНИ Денес подолу од стреите на моите осамени костени нема кој прдија да поврзе нема кој мутлата да ја затне нема кој гргорот на мојот извор да го слуша со бистри води лице да измие, Мртва капина растурила коски ко од змија подивено билје сокрило траги на безбојни крилја на пеперуги што меката светлина на ѕвездите ја пијат. Во мојата костенова корија едноок ангел е на вечна стража., Само во мигот кога се менува денот во ноќта како од најдлабока гробница полазуваат повиците на мртвите, заискруваат само во тој миг којшто за навек во себе ќе го носат живите. Подолу од стреите на моите осамени костени безбојни крилја на пеперуги меката светлина на ѕвездите ја пијат НА РОДИТЕЛИТЕ Духови, 14јуни2003, 3 часот, наутро Годините си врват, а вие се поначесто ми се насмевнувате како да сте живи. Денес во сонот мој кошмарен ве видов во градот без ѕвезди каде што загубените зборови гореа со студеното сонце над сите мртви глави. Боже, ве видов многу јасно. Тебе, татко, со лузната на лицето како ја губиш и последната битка.Тебе, мајко, тажна до камените води со сребрената коса ко ангел во ноќта кој наместо мене страда. Се будам. Каде што завршува сонот продолжува споменот. Станувам. Некои задоцнети кавали тивко го параат пределот. Молкум тргнувам кон вас со збрчкана рака да го запалам кандилото под сликите на кои се вашите ангелски лица. И тука, крај мермерната плоча, под вашите празни очи, забележувам цвет кој заљубено завртил глава кон блеснатото летно сонце. РАЗГОВОР СО МАЈКА МИ „Легни чедо, спи ми мило!" Мајко, како очи да затворам, под клепки ми вртат оѕверени ангели, непроодни патишта, триглави ламји, предели запалени ... „Молчи сине, молчи не плаши ми се ..." Мајко, пазувата ми е одградена градина грлото задавен славеј, окото полна месечина, косата сребрена измама. „ ... твојот поглед сине, твојот поглед, мило, е нашето утре!" Мајко, далеку од таткови дворја затворени & се портите на мојата Утрина. Мила, не го слушаш ли гргорот на ноќта, нежните прсти на смртта? „Спи ми мило, не мисли чедо, на татковата приказна!" НАД ГУПАРСКАТА СКРКА Ќе изградиме манастир во шума клета убав како птица. Низ него нека шета мрак или месечината што ко светулка лета наплакано. О, ќе изградиме манастир пак! Ќе изградиме манастир сред жито, сред сребро, работ ќе му го извезиме со игла од ребро, со свилен конец краевите, со ѕвездена трага убавата Република на вековно едро. О, ќе изградиме манастир од чисто небо за сивата птица што таинствено врти како дребна сипаница на моминско чело, над Гупарската скрка каде змиски глог ‘рти. Ќе изградиме манастир! Голем како свеста наша. Чеден манастир на вакавските места! КОСТОЛ По наплакани скали ко во утроба на мрена влегуваме во таинствената тишина на црквата. Влегуваме во безгласните времиња да го ловиме летот на лебедот, да ја газиме пожолтената трева во напуштените гробишта со излижани натписи. Седнуваме како свежо простување, Најнапред ти во морска школка како светица, па трите деца што имаат разделена земја на крајот јас секогаш со коренче босилек в рака. Заигруваат колковите на ноќта, Опиени страсно ја сркаме свежината на сводот од кој ѕиркаат очи на расплакани ангели. Изненада стануваме свесни: за блискоста на смртта, за минливоста на животот, за родот наш што испарува како шумска роса. О, по летните жеги и есента по наплаканите камени лушпи ќе влеземе во длабочините на своите души. ВРАНОВ ГРОБ Го врзале со санџир на кора од мокра земја. Со конопни мрежи го покриле. Со ноќ. Во една зора станал. Не можел веќе да лежи. Скинал синџир и неколку цвета по месечина. И ко ѕвезда тажна исчезнал со јатото што не слета на неговиот гроб во шумата влажна. Денес по многу години, раскажуваат: тивко говорат шумските капки кога одиме со нечујни стапки на Вранов гроб под глува Димна гора. ПРИМКА Паѓаат снегови. Како ранети елени испиени, страдни бегаме низ гори. Ни траг нема од шумите зелени, од светулката што пееше в рујни зори. Паѓаат снегови. Татко в примка вени, три синџири покорно лазат, в очи засирена гроза им пени. Боже, во расцутени предели дали ќе згазат РОДИВСКА ЕКЛИСИЈА Кога сакам да го видам црквичето во кое сум крстен и кое единствено стои по толку години, ги затворам очите. Како дете со исплашен поглед ја гледав Северницата во жолта облека како се симнува во родивските шуми каде белоушки дебнеа над Голината. Над мене пееја смреки и столетни дабја. Гледав, слушав и плачев. Во тишината слепи очи ме довикуваа. Навечер зачуден и уште позадлабочен се враќав оти не можев да си објаснам: зошто како одговор од фрлен камен, од длабока јама доаѓа продолжен татнеж? Денес, иако прогонет, спокоен сум. По неколку десетлетија од мојот живот верувам во судбина. Па сепак, зошто кога ги затворам очите ја гледам малата родивска еклисија во која сум крстен? МАЛА БОГОРОДИЦА. ВЕЛЕСТОВО На Мала Богородица, приквечер пак ја слушнавме песната на ноќните певци. Над модрото езеро падна небесен огон, а мојот орев задишано зашумоли. Пред куќата на Насте од изутрина се лулаат две пијани сенки како наводенети сколовранци. Соседот спокојно го крши штотуку печениот леб кој мириса на бадем и на младо млечно жито. Ах, колку убава е оваа прекрасна велестовска ноќ во која планината дише како исплашен ѕвер додека од ѕвездените бавчи на небото спокојно се симнува белата роса ко небесно злато. Вечерва на Мала Богородица : како врел дожд зазбивтано минува и твојата сенка Ш тажниот глас на врзаниот пес. ПЕТРОВДЕН Иако темнината молкум ми кажа дека во мракот не постои видот утрово ме разбудија летните ѕвона тресени од ангели со сребрени раце. По моето мрзоволно станување жетварот залепен за сливата упорно продолжи да ја пее својата еднолична песна. Приквечер замолкна кукавицата во шумата, а дворот се наполна со неми гости крај кои ко небесни искри леткаат последните светулки. Над стрмните скали од новата куќа од изутрина се вее нашата долна облека, а пијани сенки саноќ врвуличат крај старата синија под оревот. Од кога дојде ноќта некој со топла рака Ја изгасна светлината. О, и оваа свечена ноќ многу тажно по небото лази Месечината. КРАЈОТ НА ЛЕТОТО Ги наиаднаа темни птици лозјата, пределот сив глас на црковно ѕвоно. Старец со излитена црна наметка со одмерен тивок чекор се симнува по стрмното стрниште. Под сенката на нашиот орев моќно се огласува кукавица. На крајот од ова лето прекуноќ ни овена градината; нежните, расприкажани петунии стеблото на доброто и на злото во кое сонува мојата љубов. Во тишината на есента што настапи непрекинато ѕвони од изутрина ѕвончето од гробиштата. ДОЦНА ЕСЕН Тивко се симнавме без никаков шум, о, легнавме под сенки со бистер ум. Низ главата ми минаа безброј пати мртвите очи на момата боса, лудиот оган, мајчината коса низ жеден предел што пустина фати. Ах ми пролета низ свеста вревата, ги видов палежите срамежливо, болно без да знам, незабележливо се најдов во прегратка на тревата. А кога крај мене залипа листот, блед скокнав потресен од рикот бесен; јасно го чув плачот на долината која ме претвори во доцна есен. ПОЛНОЌНА На брат ми Мице Полноќ е. Не пали ја ламбата бате кога ноќта лесна во нас немо влева. Еве го и Ичко и мама и тате, ах, еве ја таа мртва шума бате. Полноќ е. Не плачи. Не куби коси. Пожолтеа тивко и липите драги, исчезна момчето како млада роса, Сонцето красно и зборовите благи. Полноќ е. Ноќва, во мигов, мислам дека сега, таму, дома, сите спијат тврдо, дека само јас и ти сме низ два века болни под суво, голо, небесно дрво. Не те познавам веќе. Ти немаш очи, одиш со болен ангел под мрачни плочи. ЖИВ Е ТОЈ Не, тој нема да умре. Денес дури знам: ние сме на белата перница. Жив е тој. Изневери мрак и бури и болница и проклета гробница. Го видов бос, напуштен како бара побожно почин крај модрата река како ја вика светлината стара мртвата шума што немо го чека. Без збогум ги бакна дните што гаснат, песната тивка што душа му касна. Го видов темен, како смил во сонот молкот го врза о, за да го чува ко красна сенка кај што ветар дува. Идното утро, боже, удри пак ѕвоно. СЕНКАТА НА МРТВИОТ Веќе неколку години околу куќата наша, под смрзнатата лозница, ноќе, зад модрите дуњи врти невидлива сенка. Дода... мама, тате, Ичко, не ќе да се, не ќе да се! Од мигот кога ја видов сабласната сенка дива изнесувам леб и вино, без интерес кого води ниту пак кога ќе си оди. Молчам јас, молчиме сите, ништо не кажуваат дните. Знам: јадењето го давам на некој многу близок, мој! АХ, КОЛКУ УБАВО ЌЕ БЕШЕ Ах, колку убаво ќе беше никогаш да не ги видев густите бескрајни шуми, витките лозја што испуштаа воздишки сонот на твоите нежни гради, громот што падна во зелените води. Ах, колку убаво ќе беше никогаш да не ги бакнев твоите блажени солзи, да не ги сплетев твоите волшебни коси што лежеа во моите раце како озвучени сребрени струни. Ах, колку убаво ќе беше никогаш да не бев слушнал за себе да не бев слушнал за мртвите од оваа пролет, што никогаш нема да се вратат во ланскиот живот. ПО ТВОЕТО ЗАМИНУВАЊЕ По твоето заминување разбрав: дека сум затворен во мрежи од облаци дека сум сам и пламен и зандана и слепа запалена шума и матна непроодна вода и напуштена селска воденица, меѓу ангели со пресечени крила дека сум и проповедник единствен летач кон светлините. О, по твоето заминување сфатив дека убаво е да се живее но дека ќе исчезнам без тебе. ЗАД ВИСОКИТЕ ЅИДИШТА Зад високите ѕидишта кај што цутат јаболкници ноќен скитник нежно & шепоти в уво на градината како на сакана девојка. Боже, зад високите ѕидишта каде изморено се губи гласот на градскиот саат, младиот ноќен скитник со тага говори за смислата на безначајното постоење, за се идно што личи на темно животно покриено со излитени пердуви. Леле зад високите ѕидишта младиот престапник тешко издишува и нежно ја прашува ружата дали таа век ќе векува додека тој не може да се роди?! ВО ГОДИНИТЕ ШТО НАДОЈДОА Во годините што ми надојдоа се затворија вратите на сонот, склопија очи многумина од мојот род, исчезна Јаковото црквиче во кое сум крстен кривоглав, испари отровниот сок на праската што предвреме се исуши, далеку остана опожарената земја, татковите питоми костени, тагата на цветот во Долгата страна, раскуќената куќа и мојата ѕвезда која што можеби се уште свети таму некаде над Кајмакчалан. Како во питом сон исчезна се, во мене само благоста има останато. ВЛЕГОВ И ВО КАМБАНИТЕ НА ЖОЛТИОТ БРЕГ Од поодамна одам по високите патеки на смртта. Јас сум оној Ристос што стигна до водите на жолтиот брег, што со лесен чекор влегов во цвеќето на гробиштата да ја слуша засипнатата камбана што ко дете довикува од далечините. Јас сум оној што ко питом ветер се провна низ процепите во напуштената црква да ја види својата мајка што мириса на полско цвеќе. Јас сум оној Ристос што не знам, што би правел без овој убав свет, без неговото ангелско лице, без хорот пролетни ластовици што ја пее песната на раѓањето и што тивко плаче во златните полиња. Јас сум оној Ристос од поодамна што оди по високите патеки на смртта и што ќе остане во тажниот глас на камбаните од жолтиот брег. ХРИСТОВОТО ПРОГОНСТВО ден ирви Откако ја испеавме песната на ангелите нежно на прсти влеговме во црквата. Патем, слушнавме, јасно тивок глас ко да идеше од подземните кратери на морињата: "Вие ќе се соблазните заради мене уште оваа ноќ, зашто е напишано: ќе го поразам пастирот и овците и стадото ќе се разбегаат, ќе отидам порано од Вас, ќе отидам порано од овој свет. Загледани така еден во друг и јас, и Вера, и децата, и сите што бевме тука, што бевме тука со свеќа в рака се оѕрнавме, а само еден се осмели да проговори: "Ако треба дури и да умрам со Тебе, нема да се откажам од Тебе". Повторувавме така во грозен мрак меѓу кубиња и заспани светци, а знаевме сите дека тоа е лага, дека одамна еден од нас го има распнато на огромниот крст! ХРИСТОВОТО ПРОГОНСТВО ден втори Со сламени чекори, патем застанавме пред огромниот крст по кој течеше неговата крв. Така стаписани забележавме: се отвори небо, се отвори земја, затрепери шумата, затрепери водата започнавме да гориме ко вечен оган. Боже, ние гориме, а тој збори, тивко н& збори за патот долг, за тајните на дребното писмо, за напишаното, за ангелите за пророците, псалмите. Потоа блажено н& го отвори умот за да ја разбереме светлината што во нас влезе ко благост и вистина. Така со врзани очи, слепи, а со осветлени души низ молитви посакавме да го видиме, но тој рече дека е во нас, дека никој не го видел откога пак се вратил в пепел ... Тој говори со устата на ветрот ние и потаму гориме ко вечен оган додека само еден, еден од нас тргнал на ред сите да не целива. ХРИСТОВОТО ПРОГОНСТВО ден трети Одејќи така измачени и болни меко се осмелив да прашам: "Кој си ти, кој си ти што се јавуваш од листот на смоквите, кој си ти, кој си ти, што си ти, пророк ли си?" Така одејќи го баравме по цели ноќи. Никој од нас не успеа да го види во магливата икра на пределот додека тромо го сечевме просторот. Кога сосема премалевме, кога ги загубивме солените води, кога в земја пропаднаа морињата, кога поцрне небото како гламја слушнавме глас потивок од ветровите. Мислевме ноќта соблазнува, но тоа беше гласот на пророкот во нас: "Јас сум, ", вели, " оној од пустината, што се има завртено кон Сонцето што го мие своето лице со светлина. Јас сум јагнето божјо што плаче во вас, што ги зеде гревовите на светот врз себе. Јас сум вашиот дух што дојде од небото и што влезе во вас на овој долг пат иако сум цветот што ви цвета во срцето, јас сум вашиот невидлив ангел божји што ве води низ мрачни предели низ непреодни шуми и замрзнати води, јас сум вашата мисла, вашата душа ..." Тој зборува ние со кренати раце се гледаме в очи и знаеме дека еднаш ќе се вратиме, долу, во нашите изгорени, во нашите напуштени домови. ХРИСТОВОТО ПРОГОНСТВО ден четврти Таа е една забрадена жена со дете со поглед загледан кон ѕвездите. која вели: "Вистина мили, вистина ти велам!" "Верувам во тебе и во твоите очи, верувам во ангелов што ми легнал со бела глава на нежни гради ко мало јасно сонце. Верувам во листот на твојата есен, верувам во ноќта и во народов весел, верувам во далечина и прогонства, верувам во љубовта и разделбата, верувам во тајните на гробиштата, верувам во моќта на светлината што ко ветре се симнува од шумата. Верувам во очите на дивината, верувам во топлината на песокот од кои направија цркви и градови во кои ме затворија со тажен лик, во кои ме заковаа ко небесен вик на столетните ѕидови и дабови. Верувам во мракот во кој ме затворија, верувам во соништа и соѕвездија, верувам во сенки и привиденија, верувам во патот на кој ме осудија ..." Таа замолча. А ние збунети видовме дека мракот е наш, храмот бил нејзин, дојдовме за да влеземе во своите души. ХРИСТОВОТО ПРОГОНСТВО шестиот ден на денот на деновите Се наполни пределот со тежок мрак. Наближи часот. Пред моите порти ќе се поклонат и стари и млади. Влегувам ко ангел во царството божјо. Никој веќе не може да ме одврати да кренам рака од се што е земно. Мајко зошто не ме пушти во светот? Зошто допушти светот да се спасува преку мене кога им давав вода. Тие што се напија не ожеднеа, од нив еден силен извор потече со бистра вода во животот вечен. Но, се случи зло. Ме затворија в мрак. Јас знаев дека секој што прави зло ја мрази неизмерно светлината, те мрази тебе, ме мрази и мене, поради тоа не им противреков. Знаев: ветрот дува каде што сака и пак, пак неговиот глас го слушав како да не знам од каде доаѓа. Па сепак, наближи часот злокобен, денес пред моите порти ќе плачат: ситниот дожд и стари и млади и тие што на мене кренаа рака. ХРИСТОВОТО ПРОГОНСТВО на седмиот ден јасно го слушнавме гласот на Ристос "Во земјата на одмазниците ми ги извадија очите во еден ден ко летни јаболка, за да ми ги украдат деновите. Мајко, во земјата на одмазниците бесрамно го заклаа и цветот, јас ниту можам спокојно да умрам ниту пак да се родам меѓу ѕверови’. Во земјата на одмазниците, ме врзаа за своите измами, ме помешаа со своите херои, ми ветија спокојство и убавина, а ми дадоа пелин и горчина. Во земјата на одмазниците, во земјата на одмазниците ме одведоа ко пленик во болница, ме одведоа со народот в мртовечница; во нашиот мил единствен божји храм на причести, мир и покајанија. Мајко моја, во земјата на одмазниците, во земјата на одмазниците разбрав: среќа е да бидеш камен, славно е да бидеш подноктица кал, а круна на се е да станеш заборав!" МАЈКО, КОЈ ЛИ СО ТЕБЕ ОДИ? Зад планините крај карпите сури, кај што трајно довикуваат бури исчезна мајка в длабоките бездни ко искра нежна меѓу топли ѕвезди. Мајко моја кој ли со тебе оди низ тие проклети есенски води, низ магични бели далечни мени под јазикот на црниот глечер каде смртта ти е единствена тајна, нежен монах во проклета вечер каде сал мртвиот татко се сени. Кој ли ти ја искити ноќта крајна искитена постела и патот со младо жито во време на жетва со бело перје од пропадено јато о, со таа најмрачна тешка клетва? Мајко клета кој ли со тебе оди под јазикот на црниот глечер, кај што мириса на есенски води кај што татко плаче во грозната вечер? 19 април 1988 година, Марков манастир. Осум дена по смртта на мама. СМРАЧИ ЛИКОТ НА МАЈКА На ѕидот виси слика смрачена стара. Одамна во собата нема ниту трага, нит живот. Сал ликот мајкин нешто бара од нас што го оставивме црниот праг. Трепери зарипнат глас како треска. Се ниша пајажина густа. штама. Молк. Само старата врата таговно вреска како дете несреќно што скршило колк. Молкум се движат сенки и лица груби, мајка темнее меѓу веѓите мили. Тивко врват чекори меки и глуви ко крилја на жерави сиви без сили и патем се губат со ликот што моли, со црковни камбани, со воздишки болни. СОПЧЕТО НА ТАТКО На ѕидот излупен се уште виси занемениот џебен татков саат. Низ одајчето шета прашина во мене студен, тежок пакосен мрак. Тука на ѕидот под малиот саат, по подот нечист како голо дете и вечерва се валка жолтиот зрак. Не знам до кога во собата мрачна ќе се шири твојот прекрасен мирис, о, до кога над перницата бела како во нежен длабок расцутен сон ќе сонува сувата бела рада? Татко и денеска над прозорецот сив нежно довикува врапче: цив, џив, џив. НАШАТА КУЌА По толку години повторно решив во ѕвездениот предел на сонот да ги кренам ѕидовите на урнатата куќа за која со топол глас ми зборуваше татко. Кревам, но татковата мртва сенка оди по мене, Богородице мајко како да ги заборавам солзите кои се помешани со калта, и кои се уште не се исушени на острите камења. Иако се обидувам на ништо да не мислам се плашам да ја превртам јамболијата да не се измешаат сеништата со стамената крв на сите од мојот род. Мајко моја, ѕидовите се исти со ѕвездите што се удавија во водите под падината, исти се како забастените нивје нод Мочарите во кои лежи силата на татко, на дедо и во кои единствено искри мојата светлина. ВО КОЛНАТ КАМЕЊАР Ти што надвор од мене ја почувствува горчината на животот мој, то на место мене од твоето раѓање И слушаш шепотењата на ноќните води :то се симнуваат од високите планини, А што се загледуваш во моите очи ако во длабоки шумски вирови Што си мој сон и мое јаве мој предок и мој најсакан род стави ме ноќва во овој колнат камењар во кој тие што умираат насетуваат дека се е најобична лага, стави ме ангеле да ја соберам малечката лековита трева што можеби ќе го излекува мојов живот подготвен да и се предаде на кралицата шго ќе ме занали во својата земјана тава. ох, колку убаво е сето ова да нотрае. Но, ми се чини се полека исчезнува. Каде некогаш стоеа куќи денеска се вејат измислени слики кои личат на оние што мислат дека на нив можеме да се сеќаваме. Ти што надвор од мене зборуваш, мојот сон е круна на невиделината, излокан свет кој не постои наум на една смрт во еден лажен секојдневен сон што се иовторува. Ти што надвор од мене ја почувствува горчината на животот мој остави ме ноќва во овој подлокан камењар во мојов долг некрунисан сон да сонувам остави ме! ПАТ Патот кон Велестово по кој одиме се потпира на нашите заморени плеќи. Пред куќата наша виновно вене крушата што е врска меѓу мене и ѕвездите. Син ми Владимир расприкажано : со рака покажува во далечините, таму каде модрините и небото се капат. По с# разбудените чекори смолкнуваат : со гласот на птиците од планината. Погоре од гробиштата нема пат, нит патче в ноќта осамено стои сал дрвото на црницата врз кое е налепен мов ко небесна пајажина. Боже, Боже, каква убавина. Па сепак, одовде се вреќаме незадоволни Газејќи ги зелените треви кои постојано се загледани кон светлината што доаѓа од градот. СВЕТЛИНА Во годините пред да не поведеш под крилото на олтарот знаевме само за крикот и звукот, за долината во која запалени небесни огнови шетаа како разблеани стада низ височините. откога не поведе кон светлината се обидовме над темните капки роса без да трепнеш да те допреме. Но, ти со прст нѝ ги покажа кревките слабини на морињата што се дигаа и спуштаа меѓу планините, н& ја покажа северната ѕвезда под која не измија дождовите што паднаа ко зрна пченица, молитвите што веќе цутеа ко небесни цвеќиња во пределите од Солун до Моравија, Божјата литургија што раснеше високо во моите зеници на патот кон далечините. ЧОВЕКОТ ШТО ИМАШЕ МЕСЕЧИНА Човекот што има месечина како срп над главата по голото тело му тече крв престана да се смее. Во ливадата од утрини шепоти тревата. Ах, да можам да му ги дадам моиве крилја можеби пак ќе може да го пронајде патот и неговата насмевка што му го осветли сонот и морето како полуден дух кое му пеело на неговиот неизвесен пат. Да можам да му дадам од мојава душа верувам ќе му се врати силата; мислата како најчиста виделина. а можеби ќе ја оживее и страста на остроумието и устата на мртвиот младич кој фалејќи ја жедта пиел вода од испукани дланки како од вечноста. ЖЕДНА НОЌ Во исчаден котел со вода влезе ноќта жедно со дребното окце на Големата Мечка. Од низата закована на ѕидот проговорија ланските црни цепени сливи за топлината на бистрото Сонце. Околу мојата уста насмевката ми направи белег, а сонот остави дребни траги на прстите. Вечерва никој за добра ноќ не може да ми затвори очи. Долу, под гробиштата некој го загубил лицето, сал тап чекор се слуша и тромото плашило се гледа што како стара измачена сенка минува. МОЛИТВА По пороите ко замаглено лице се губи свежината на небото, на залезот во жолтото огледало влезе квечерината ко свенато цвеќе. Во напуштена куќа од камен и кал млад монах кренал раце кон височините чинам бара милост од соѕвездијата што веќе одамна се изгаснати. Молитва и шепот на свенато билје излегува од грлото на покојникот што го носат мрачните води на ноќта. Од ридиштата се симнуваат црни сенки тивко губејќи го чекорот во полето кое е веќе пресоздадено во вечност. ГОСПОДИ, СПАСИМЕ ОД ЗЛОТО ШТО ДОАЃА И јас некогаш со жар и оган љу бев. Но по многу години разбрав: тоапггогосакам од нежносга моја бега, а тоа што го измислувам од него никаква корист немам. Боже мил, во оваа полудено време ги загубив првите зборови што требаше да ме објаснат. Ја излажаа мојата љубов која сама на себе и се врати во време кога вистинската мудрост во убав грев се пресоздаде. Д енес ни сонцето од исток доаѓа, ни глас на рајска птаца ме заплиснува. Се пгго ми се приближува од југ доаѓа. Светов пгго е полн со тајни еден ден пред очиве заморени во вжарена пепел ќе се претвори. Златен Боже, услиши ја мојава молитва, обезоружи го поганиот мојот род да преживее. Оги тие пгго ќе преживеат ќе ги побараат недопрените страни насветот, адругите благослов во пепелта грозна ќе најдат! СТРАВ МИ Е! Како темна вода го пијам нечистиот воздух. Со денови не знам пгго да правам со себеси. Со дрвено рало се изорани времето и земјата пгго ко цвете беше некогаш. Во мигов, кој може да знае какво простување ни претстои? Кој срце има тој мора да го чувсгвува времето во кое живее. Па сепак, овде ми е страв, а таму да љубам не можев. Поради тоа не знам дали се уште бакнежот го закопуваш во слатките води, дали рацете ти треперат ко шумски пеперуги, а очите ти светат ко два горски огна. Од поодамна не можам да ја видам твојата преубава насмевка таму под стреата на шумата, подолу волозјата кајшто виното македонско се пени ко во блажена амфора нежна. Боже мил, многу тешко е да се биде заедно но, упгге потешко е да се биде далеку. ДЕНЕС ИМАМ СЕ! Денес имам се за што некогаш се молев. Го имам и тоа пгго сум го сакал и тоа пгго никогаш не сум го сакал. Ги имам: Жешките улици ко исчадени котлиња по кои глава ниша мојот растреперен народ како бел чад тргаат кон гробиштата. Ги имам тешките зборови коиодденнаден стануваат се понеразбирливи. Ја имам остарената татковина која реши за навек да склопи раце и влезе во моите два метра земја за да го пронајде својот пат до љубовта. Ги имам пламенот на историјата и звуците на сините мориња, сменетото знаме и исвирканата химна. Ги имам вужаните на небото и светлината на тажната зора, исгшашените неизвесни ноќи и крикот на црните денови како ѕвездени топли дождови. Жими Бога, навистина, имам се! Цдинсгвено, веке одамна се немам себеси! НЕ ГО ПОЗНАВАМ МОЈОВ НАРОД Не го познавам веќе мојов народ, нит срце има, нит ѕвезда го грее, сал солзите мои таговно блестат ко солзи од птици под урнати гнезда. Очите мои молат со глас од штама, со тивок говор како мирна река, молат болно во градини што мамат иако сум колнат од време и века. Свесно ја прифатив лудата казна, волчијот куд на запалениот ден, сфатив дека сум играчка на вечер исплакан од в црно завиена жена. Денес не ја знам нит мојата глави. презирам фарисеи в ден и на јаве. ГРАБЕЖ Се поначесто некоја страшна болка тапо в душава подмолно ме гребе. В мракот мој стегам срце, кршам раце не, не си припаѓам веќе себе. Патувам ко испосник некој така со претурен сон, со спуштени веѓи и чинам веќе никој не ме сака кога вртиме крај светите меѓи. Влегувам со есента в жолтиот плод. И тука ја нема мојата надеж, влегувам со ветрот во сивиот свод душата ми е приготвена за грабеж. Ко партал се ниша црната леска зад која ко точка домот мој блеска. ГРОЗНА ИЗМАМА Од север донесов грст семки да ги засадам под црквата, патот да & го осветлуваат прагот на изморената мајка Си мислев донесов спокој во земјата тажна таткова, златна стреа од сончевина од кај што животот ми мина. Денес гледам, с# што било е грозна нечуена измама, дури и летните денови полудени од сончевина ЃУМОВИ Две девојки со ѓумови на главите како птички леткаат по патеките. Две бели шамии на две девојки сјаат како две небесни пеперуги. Две невести тивко одат на чешмите лесно носејќи ги сребрените ѓумови. Две невести волшебно лепат чекори врз темните летни небесни цветови. Две бабички со два темни ѓума кроце, со два ирастари ѓума на главите многу кроце чекорат кон вечноста. Ах, во косите некогашни убави в кои им гугале немирни галеби денес им легнало сиво зимско сонце. ОТПЕТЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО Велиш времето е фустан што се отпетлува?! Така е! Но, за мене исчезна времето, и убавиот сон со немиот говор. Ме сомле вечноста која смртно дремливо завива низ улиците и ита со мене по патот на жалоста кон непознатото и несаканото. Не жалам но, денес веќе сум како стеблото на оној багрем што ја испружил својата сува рака со која мавта тажно и благо. И ете, веќе сум в мракот в кој стојам и гледам. По единственото тесно патче од едната страна тивко оди смртта од другата насмеано животот. Ах, најдрага и тие не можат да се видат. ДОМА Приквечер без надеж над голата планина се свалка замореното сонце како излижана стара бакарна пара. Под дрвениот мост по кој со тром чекор минувам, порасна реката од кал и солзи. Крај мостот во поплавена градина се наведнала жена ко издолжена сенка. Боже, каква морничава приквечерина? Во чудесното претемно небесно мастило пред да дувнат злогласните ветрови падна разлуланиот мост ко есенски лист. Надојдената вода ја однесе жената како пердув од гулаб. Горе, во гробиштата, тажните звуци на сивата камбана со сите почести во смртната тишина пред да се симне ноќта, го погребаа сонцето. МОЛИТВА! На отец Никола Тасевски Утрово, мој мил небесен ангелу, стигаав пред твоите љубени врати исцелен и чист да ме оправдаш. Оправдај ме мил мој, оправдај ме, оправдај ме, оти единствено тебе ти верувам. Оправдај ме поради тоа што научив да се совладувам и да сакам, многу, ах неизмерно да сакам. Оправдај ме, оправдај ме оти и да го испратиш твојот Дух, жими окото на внучето љубено ј ас сум променет, се променив! Оправдај ме во мигов кога ги свивам моиве стамени колена пред твојата отворена јама. Оправдај ме и дај ми сила да зајакнам и да ти се придружам на твојот вечен пат. Таму кајпгго царуваш јас веќе сум твој понизен пастир. Златен, тргни ги дволичните светулки зла коб да не ја предаде мојава сила. Одам тивко и стамено по тебе, а ти ти оправдај ме, оправдај ме оти само тебе неизмерно ти верувам! АКО МЕ ОДНЕСАТ ТОПЛИТЕ ВОДИ Ако некогаш ме одвлечат топлите води во крајот мој на детството, под небото кај ппо месечината ми коби и оди ко невеста в бело нека светнат златните кандила над олтарот во малечката црква во која од памтивека служеа моите предди. Нека замириса чадот од тенките свеќи исконски во измаченово време кога и замореното сонце врзано под темни сенки ко дооден старец се тркала во гусгиот честак крај мојата камена перница. Нека стават ситни пари над мојата глава оти сите обесправени имаат судбина на гавран црн. Боже мој мил, нека ги миропомазаат прогонетитедеца, белокосите мажи ијадритежени, облечени во тешки темни носии, кои од праискон овде се чувствуваат како туѓинци. 4. СИВИ ГРЕБЕНИ ЛОВ НА ЕРЕБИЦИ Ко јато превртени затруени риби сред брзак облаците ги истегнале своите бели мртви стомаци на небото. Тоа што ми се приближи ко црна точка на ноќта, тоанееденот, туку некакво остро сечило во тупаницата на човекот што лови еребици. Стаписано и во недоумица сфакам: се што е кажано од праискон е покусо од последниот мож што уследува. Таков е и овој ден во кој две бескрајности се поголеми од една. НЕПОДГОТВЕНИ ДОЈДОВМЕ А што оти знаев дека неподготвени дојдовме и влеговме неспокојни во сонот, и дека тоа беше во еден жежок ден под работ на расприкажаниот манастир. Дојдовме ко човекољупци во нашиот дом да ги објасниме зборовите кои ги кажаа непознатите луѓе, дојдовме во душата на крвавата планина која е час со боја на кожа од зебра, час со боја на мачка под Кајмакчаланската Шума, дојдовме да прозбориме за тие што мафтаа со ножеви по мртвите. Дојдовме да стапнеме под старите стебла, меѓу бочвите донесени од визбите на Воден, крај нашите модри води кои се потемни од дното на винските чаши, дојдовме да ја избришиме тагата од нашите срца. Дојдовме кроце, но и неподготвени можеби и поради тоа останавме без длабочината на нашите убави македонски песни! Дојдовме, а Што оти дојдовме кога нема кој да не чуе! ИСКРЕНА ПЕСНА Видов луди огништа, тришповеќе пепелишта прснато сонце во сребрена капка роса. Видов летезимски пејсажи, грмнати молњи згргурени полиња, крикнати мориња модри мажи, црни жени, небесни цвеќиња и хермафродити видов луда кременеста месечина, дребни ѕвезди растркалани очи како мониста низ брзи реки. О, видов а можеби уште многу ќе видам: исчашени поети, недоносени носачи на титули полуприродни појави, влекачи земни луѓе и добици, уредници и неуредени Видов. . . видов! Но, речете ми каде во овој неврат и како да се дом’кнам до сртот свет со крстот свој на рамо в градина крстова да се одморам далеку од несоници од крстени води, од мори тешки и лудници од смрдливи таверни, од гнили грешни мрши и таму сам на себе да си приредам еден состанок еден господски состанок и еден неврат кога не можам да се пронајдам, да ве пронајдам да го пронајдам моето топло утро меѓу мноштвото невини гробови. . . REQUIEM Ж..., за тебе никогаш нема да напишам песна Ниту од бесни плими, ниту од луди лутици ниту од зли јазици можам да те бранам. Топла душо, кој гром, која нимфа умот ти го сврте да замолчиш потивко од детски мозок, која волшебница насон ти дојде, која принцеза, која небесна кралица, та мене проклет да ме оставиш? Лето мртво, исфрлена школко на синкаст морски брег, нека ме удави красното вино на зората, нека меизбодат злобните ѕвезди што се топат. Еднаш, без здив, и мене ќе ме приберат божјите градини и јас ќе залутам сред ѕвездените патишта. Еднаш ќе исчезнат и румените роси и лудата месечина и сончевото име. Нека ме издробат бесрамните крвожедни чакали кога "смртта му е последното раѓање" во ова темно пладне, во ова бесно лудило кога полека патувам кон слична јама како кон блескав свадбен прстен. Зошто да жалиме за вечното сонце – без трага нека не приберат годишните доби. Волшебното цвеќе и потаму ќе ѕвони можеби голите ридје скаменето ќе го лулат таму под сончевото заоќање, на ливадите и тоа можеби ќе ги собере своите зраци како дооден ѕвезден ѕевгар, и можеби само голите камени шуми ќе знааат дека иде пролет или есен! Писаница е с# што се родило да се врати, да се врати од каде што дошло. Ах, нели со првиот крик си ја копаме својата јама? Па сепак, јас никогаш нема да си простам ако не бидам закопан во плачот на музиката на немиот Кајмакчалан откаде што, можеби, единствено би тргнал во нови љубења и нови созвучија. Денес над мене лебди вкусот на пепелта и жетвата на цветот. Денес сакам да ми дојдеш насон од вечната кула со незнаена музика да ми ја нишкаш ноќта. Можеби така ќе ти се доближам и ќе напишам песна за нашите страдања. . . АРАПКА Таа вечер сакав да раскажувам за кога не делеа од прагот и мајка, но немаше кој да ме слуша... Страсно го голтаа џигерот од телото на Арапка И вечерва вујче сакаше да ја помилува таа заврти глава. И вечерва ја слушам како тешко дише пуштила црвен јазик ко згаснат пламен сред папрат. И вечерва камениот праг мрзне од ‘рѓосаниот синџир на нејзиниот врат од крикот што шета отаде рамните пасишта барајќи го под летни цветови однесеното дете. А трчаше некогаш низ меката земја. Вечерва е кукавица сред ѕвездено стадо со око како есенска месечина. О, го нурнала погледот по патиштата во длабокиот вир над воденицата та сува како чубрика под летни магли го бара своето чедо во шталата во себе, во клепка а откога ќе сфати дека го нема ќе го свие коленцето виновно додека од матни очи тивко ко да липа & паѓаат јадри кристални води. Вечерва и на себе го чувствувам уморениот поглед и знам: ниту зелената шума, ниту детелината што блеска под бисерните капки ниту зашумената река не ќе ја зарадува ниту бикот љубопитно што ја гледа од кај брестот Не, никој никој не ќе ја одврати Арапка од болката освен шареното теле што ја лижеше освен детето во немирниот сон што ја бакнуваше. АЛА КАРИ, МАЉУШ Е КАЛО САБАЈ* Најголемо проклетство е да си скитник породот да ти гние под земји да си овошка бележана како костените, Таму под куќата наша задумано ветриштата што ги лулаат, што ги корнат и во тивките румени ноќи. Но ти барем можеш мрежите да ги фрлиш како ноќно привидение да ловиш светулки во езерото да се насладуваш на магичното билје на сребрениот врат на плашицата која кога те догледува ја свртува опашката како немирен облак сред светлина месечинска. Ти можеш да пиеш шпиритус од небесна лоза да им пркосиш на бурите и светкавиците да превртуваш очи маслинести катаден да пцуеш, но и да бидеш пцуен и пак да имаш копиле скитничко; дом, земја, татковина и пак да не бидеш сирак задавен со венец од класје овчар без кавал и тажна езгија сенка од изгорено далечно планинско село. Ти можеш под стариот чинар да распостелиш и черга од питоми длапки да ти течат роси да бидеш мегдан и суров мегданџија и пак да не те јадат пајаци сред питоми ливади да не те гонат напрашени ѕвезди и полудени комети. Ти можеш да скиташ, но скиташ затоа што сакаш а јас барам една маслинеста земја како во најсветол храм И нив што во сонот со години пеат како прснати запалени светци. О, каде да ги пронајдам Маљуш кога на облаците родот и породот нѝ гние меѓу питомината на ноќта и суровоста на денот. ТИВКО МИ УМИРА СОНОТ 1. Ги гледавме како се дигаат и спуштаат твоите изнемоштени гради. Те гледавме но, не бевме сигурни дали ќе ја зачуваме сликата: шареното ќебе и ти под него со глава во жолти треперливи раце, со очи од ноќна птица. Те гледавме како свесно н# одмеруваш и мајка низ лелек како раскажува за Димна Гора. И одеднаш ми се причини ко тогаш оган лази по темелот дребна рака на бележан ќерата под кора на топол костен, еј гиди н& ја врежува судбината. А над нас Гребен, Грамос, Кајмакчалан под нас наплакани маслинки го истураат својот нежен плод и како уште да трае тој длабок сон во кој го слушавме редењето на најсилните и тркалањето на сребрените ѓумови. Ко тогаш те гледаме и како никогаш да не сме те имале како да сме ти биле поблизу за еден ден како да си бил подалеку за една ноќ со избраздено лице без сила за подвизи секогаш оставајќи не без прошка и без убав спомен . . . ТИВКО МИ УМИРА СОНОТ 3. И годинава под прозорецот има никнато само едно кревко стебло сончоглед. И годинава како лани ромори дожд Или завива шепот крај убаво наведнатата глава. Иако знаеме дека една птица не донесува пролет го негуваме стебленцето заради неговото гордо вртење по височините заради твоето присуство. Навечер на прозорецот ја нема твојата сенка само мама, чинам тажно ги валка залаците. Те нема ширум да ја отклучиш топлината во одајата во ноќите да & се потсмеваш на жолтата сневеселена глава под прозорецот која веројатно знае дека ќе ја изневери сонцето. О, и ти направи една смислена изневера оставајќи го ширум отворен прозорецот. ПОД ПОРТИТЕ НА СВЕТИ СПАС Се наведнале куќите, чиниш, ќе паднат, а од небото прска ситен дожд — студени капки нишанат во камен, во крстовите во љубовта. А таму под свртениот пат глас на жена во црно ко да бере паднат златен клас. Како во најтежок сон гледам, (а што има да се види) дожд, стрмнина, жена што тажи јас со топол шал преку рамо и ти подналутен дали оти одамна ти немам дојдено или затоа што со секој нов ден исчезнувам КОН АЦО ШОПОВ Штип! 8 ноември 1974 одина. Последен пат си ја запеавме нашата песна. И тоа беше краен пат. Во една злодоба, во една небиднина потоа занемевме, занавек... Ако ти умрам, мила, рано во недела закопај ме пред црковни порти Но, очите пред да ми ги затворат мини со нежни прсти по моето лице, сакам таа нежност да ја однесам, да ја зачувам, мила, да ја имам. Ако ти умрам, мила, рано во недела скини гранче од нашиот врбјак да ја слушам песната на мирните води – жуборот на нашата чиста љубов. А ако сакаат сенката да ми ја воскреснат покажи им ја, мила. градината каде што цутат нашите лични цвеќиња мојата најубава ненапишана песна. Ако ти умрам, мила, рано во недела ширум отвори црковни порти тажните камбани, тажните камбани вечно ќе зборат за мојата душа. КОН ВЕСТА ЗА СМРТТА НА ПИСАТЕЛОТ Грозната вест вратоломно долета. Седум часот, наутро. Во далечната Братислава ме разбуди телефонски повик. Штама! Новосадскиот поет Ненад Груичиќ изусти три збора: "Умре . . . Живко Чинго. . . И с# се претвори во вечност 1. И вечерва се појавува сребрената месечина. Во градината со мархули завива пес. Ситни ѕвезди како светулки со коњско ‘ржење се слеваат по коритото на темнозелената река. Од гробиштата се слушаат звуци на различни бунарски пумпи. Погоре црна сенка фрла плетена мрежа, а наплакано дете со паднат поглед нишани во празно. Боже, една птица тука го распнала летото во колковите на пејзажот, го отегнува и собира, додека таму на југ во мојот крај друга и ноќва ќе ја пречуваат како проширен плод што ете, мора да скапе. Прстите ја губат светлината. Веќе нема да ги разбудува деновите, нема да ја види одрината без грозје, парчето небо што мириса на стопен восок, гласот што зад него плаче. Тие што денес за последен пат го гледаат веројатно и не знаат дека Охридското езеро, Свети Наум, белата струја сред вода што шета, зелената Галичица, неговото љубено село, лутата ракија, мајчината душичка, товарените јаболкници и изморените птици ја имаат мирнотијата на неговото лице, дека и денот е чекор, изоден чекор и дека мораме да & бидиме лесни на земјата. А кога гранката под снегот ќе застенка ќе си спомниме на него, не како на старец оти тој никогаш нема да остарее, ами како на небесен плод и дар на мојот напатен народ. 2. Полноќ. Пак бие камбаната како пред прво и последно биење на срцето, и потаму стојам пред уморениот поглед на реката, но постар за еден тивок живот и постар за една смрт, за едно сознание дека и потаму ќе се мрестат мастилести облаци дека планината ќе ги спушти мрачните веѓи, црната роса врз заспаниот патник. ГАВРАНОВ КАМЕН Здраво Момингробу, Димна горо, здраво пуста Куритутува зоро! Ја чуваш ли онаа дира гола или поскапа е твојата смола од летниот клас, од црниот орач, од кроткиот ôд на мудриот водач? Не збори ништо! Нит за далеки земји како и зошто умиравме неми. Не прашај. Додека и еден н# има ти ќе бидеш наша ѕвездена плима. Да се живи немите сиви води, светот што гнасно с# уште н& коби. Да се живи згоените елени, мучарите и главите зелени! Сите да се живи лукавост нежна тука каде гласаме за смрт снежна СОПАТНИКОТ НА СЕНИШТАТА ВИ ГОВОРИ Прогонството е мој сопатник И во сон никој нека не ме буди. О, сопатникот на големиот страв сега ви говори: ги исплакав пределите, ги закопав мртвите на дното од Димна гора ги обесив змиите што сакаа очите да ми ги изедат како летни јаболка. Денес не можам ниту да умрам ниту повторно да се родам меѓу ѕверови. Патиштата, жарчето на модрите капини, Молзничарникот, Трите кладенци и коријата со костени ми беа единствена надеж но, и тие се претворија во надгробен натпис... Оставете ме во овој сон (ако е навистина сон) под тешкиве манастирски двери! НА МИНУВАЊЕ на Коле кој не дочека уште еднаш да го видиме Крани 2.05.1984 г., Св. Спас, Велес Изненада, приквечер четири здрави мажи го донесоа дома мртовецот. Сонцето како тажно сипче веќе имаше потонато во модрините на хоризонтот. Долу, по патот кон железничката станица една раскосмена жена трчајќи си ги кршеше рацете. Молкум се собираа сенки пред "Воденска" 7! Од стреата каде по обичај гугаа галаби се слушна шепот: и гробиштата се радуваат на убавина. Во градината една старица набра цвеќиња. Полека исчезна и нежниот лик на есента, и твоите стапалки со дождовите и румените усни на природата со прошараниот лист на праската и сувиот врат на одамна починатиот сончоглед. Само една птица тажно вртеше во пределот, ко да сакаше да ја пречува ноќта, живата рана во окото на пеперугата која веќе нема да им пркоси на далечините. О, само една птица вечерва тагува по светлината на оддамна мртвата месечина. СЕМЕЈНОТО СОПЧЕ Застанал и саатот ѕиден, ете. Штом влегов сопчето татково живна. Се чу тивок шепот на предметите, ах, мојот поглед со душата нивна. Откога умре мама мислам знаат дека молкот н# врзува и чува, дека за спомен вражалки н& бајат в одајчето низ кое ветер дува. По с# тргнувам. О, тромо се вртам. Со болно срце тешко кревам рака. на разделба на место збогум з’рти тага. Чувствувам, сите нив ги сакам. И в миг сфаќам: една душа сме ние, еден партал в ноќта што мирно спие САКАВ ДА ТИ КАЖАМ На мајка Таа далечна ноќ сакав да ти кажам дека се што имаме тоа се нашите зборови но ти мајко како шумска светулка влезе во одајата каде што лежев да ме покриеш. Влезе во мракот каде што слепите птици пееја каде што и во тебе, и во мене вртеше по една шума, еден пекол, и една заморена река над наросено чело. Ти влезе да ми кажеш дека тој одамна веќе требало да се врати. Така седнати со отворени дланки за молитва без збор, ненадејно, слушнавме глас на гром, па нишање на таванот ко полуден бран. И додека под црната земја пределите се мешаа моите очи и понатаму беа заковани за вратата зад која паѓаа молњи. Во мугрите не знам по кој пат ти дојде, а веднаш зад тебе и тој кој саноќ ПРЕТЧУВСТВО Немо влегувам во рајска градина. Ах, колку сакам да се скријам во песна, во шумски честак како млада срна па оттука да ги слушам рожбите: иа новите утра, играта на свилата лесна зелена светулко, гугучко на моето детство. Сосема се затворив. Веќе сум во топлите предели на заборавот. По сите смртти и палежи повеќе немам што да кажам. Секому нека му биде простено. Уште малку и ќе допловам до вратите на бога каде ме чека благиот прекор на тажниот архангел Време е да се простам и со ноќта, со мојата најсакана гостинка. НОЌВА СОНИВ Ноќва сонив гавран, месец од сребро како лебед седнат во снежни води, момче црнооко без едно ребро. Сонив старо гробје, јаве што плови. Потем слушнав прекор, болка на ѕвоно. Умрел велат Ичко, бог ум му зело. Мајко, мајко стара, умрел во сонот ене сега лежи сиот е во бело. Ноќва збогум реков, збогум за навек, збогум драго злато, без сите така сред мрачни друмја, долу в крстов свет зошто ми е вечноста, топлата рака, денот што ме гали, белите рими, што ќе ми се шуми, пролет и зими! ПРЕТСМРТНА На внук ми Ристо М. Јачев - Ичко Кажи ми нешто, кажи ми било што. Речи ми да молчам и јас ќе молчам. Ако сакаш да кажеш, кажи нешто било што. На с# ќе ти одговорам. Одамна излишен е секаков збор, излишна е сестра, мајка и солза. Се ниша врба надвор в белиот двор тажната самовила со грозна грба. Во собата мир. Во душата вечер. Бос и горок си фатен в смртна мрежа, безнадежно осуден паѓаш ко глечер, кој ти пресуди мртов ко жив да лежиш!? ВО ГРЧ ГО КАЖА КРАЈНИОТ ЗБОР На Славко Јаневски Во грч го кажа крајниот збор, ах, чинам падна млада пупка од дрвото до бунарот. Еден збор и еден бунар во кој мислам сакаш внатре да се загледам ко в темна напуштена дупка. Штама! Леле, како да ѕирнам во заклучената зандана, како кога кобниот ангел излегол од неговата душа и зашетал низ мојот пекол, та чинам грепчи, ми слекува тело тука кај што никој не ме слуша. Мил Боже, веќе и јас умирам така како што Господ рекол! ПРИСЕТУВАЊЕ На Ташко Петков Пред огромен број луѓе на ден пладне уште еднаш ти го бакнав челото. Врз помодрените суви капаци под кротките очи ладни како мраз падна и мојот растреперен поглед и моите собрани бледи усни. Затворајќи го сандакот над гробот в грч ти фрлив грст ровка црна земја. Ја избришав солзата што се лизна по мојот образ како темјан и чад. Останав стаписан, блед, сам и со јад. Останав нем како гробот отворен со молкот вечен кој продолжува полека и од родот наш да зема. НАСТЕ Тој навистина ги сакаше роговите кои како небесни колчиња светеа на главите на биковите. Ги сакаше тесните патчиња што ги врзуваа: долното и горното маало, неговата куќа ко студена сенка која и копривите ја одбираа за живеење. Ги сакаше водите што забрзано дишат, а што се симнуваат од темната планина. Како бел светец се јавуваше на крстопатите. Неговите чекори ги покриваа небесни пајажини оти беа меки како неговата душа. Крај него минуваа и. питоми и диви ѕверови. Тој стоеше исправен како даб Додека му се клањаше ноќта :е бистреа ѕвездите над просторот. Одненадеж една ноќ дигна рака на себе. Низ мракот иако шетаа сенки се поклони и падна. Гаа ноќ Насте исчезна како никогаш да не бил со нас! ДРВАРИ Дрварите што се вратија лазејќи по лутиот кремен со натоварени добици во полудена ноќ морале да го држат чекорот. Патем во некој дол ја закопале Месечината, а Сонцето бегало ко збеснат ѕвер додека жедни се влечкале по стрништата. Измачените мажи што пристигнаа крај селската чешма до гробиштата зад себе немаа ништо освен својот загубен рај во кој го виделе бледото лице на вѓоќта кое било потпрано на дребните ѕвезди. Тие што долго лазеле по остриот камен раскажаа дека птиците што ги надлетувале биле пресоздадени ангели избегани од урнатите цркви во времето на соблекувањето на есента. О измачените сенки што се вратија неодамна што плачеа на сред Велестово до гробиштата по многу денови и ноќи веќе не излегуваат од своите празни домови. СВЕТИ СПАС Закрилена тишина има легнато на белиот мермер од кој дише темјан. Залепените слики на спомениците меѓу себе како да разговараат. Месечината стои ко малечка птица над златните гранки на дрвјата. Од неодамна светат само свеќите на гробовите на Насте, на Митана. Вечерва во гробиштата шумоли сал нежниот лист на сливата и мекиот глас на штурците нескротливо што в галоп врви над белите вечни домови во кои жителите одамна ја завршиле својата последна жетва. ПРОДОЛЖЕНА НАДЕЖ На тие што не можат да се вратат дома. Зад отвореното пенџере невидлива магла го дели заборавот од паметењето. Модринки ми ги населуваат прстите. Во мигов и неразбирливата смрт не е лишена од бесмислата. Во прегратката на зората една вљубена двојка се обидува да ги разбуди сонливите леи додека јас и понатаму упорно продолжувам да барам место за новите гробишта. Ах, каде понатаму? Боже мој, иако сум во длабок сон се плашам да не се сопнам, да не се срушам крај нозете на лажните ангели кои со години вртат околу мојата глава. Веќе не знам што да правам? Одамна љубовта го има загубено своето лице. Пожарите што го имаат изгорено пределот во мене ги носам со подруга фантазија. СЕ Е ЗАЛУДНО МИЛ МОЈ Залудно е мил мој, се залудно е! Залуден е цветот, на двата срта окото што плаче, што кротко лежи како нежно пиле, под ноќни мрежи. Залудно н# мами мигот и денот. Залудно се ѕверам в тајните врати во морското гробје, ти си и пленот и птицата мртва, што не ќе се врати. Еј, залудно вјасат, кротките ѕвезди, сливите што гнијат во голите соби, залудно те барам в спомените живи. Залудно е мил мој, с# залудно е! Денес те наоѓам, само в зборот смрт под мирните плочи, низ кој рие крт. САМ На веста за смртта на драгиот другар Чедо Јакимовски. 12 јануари, 10 часот, 1993г. Сосема сум сам. Напуштен и морен лежам во болница грозна ко в пекол. Зборот нема смисла. Песно и корен со мене умираш ко што бог рекол. Одамна сум сам. Под лозница стара во проклети дни со мисла што греши. Напуштен секаде ноќта ме бара сал мракот по дожд со надеж ме теши. Гладни пци ме демнат, дните што идат од мртвата шума. Во тажната ноќ лажни поети денес ќе ме видат на моите кратовски гробја без моќ. Збогум мисло нема кого да слушам в смртна коприна е мојата душа. ЛОПУШНИК На голото брдце меѓу трите срта, под старото стебло, бележан во долот изумив да прашам: под модрата црта кој спокојно спие до молкнато ѕвоно? Изумив да прашам зошто тука лежи под каменот мрачен, под прашокот цве! под бистрото небо, под дребните ѕвезди со години веќе поданички верен. Изумив да прашам боже зошто лежи во Лопушник овој во шумските мрежи во времето немо како празна школка. Изумив да прашам за дождните капки, дали сама шета неговата болка ил с# уште шлапка низ ноќните длапки ЗАБОРАВЕНИОТ ГРОБ На дедо ми Дини, Родево Повлекувам линија меѓу сонот и јавето, морници ми минуваат низ ‘рбетот. Овде ги нема веќе ниту гробиштата, ниту златните води од билките што течеа, ниту, пак, зорите во кои не прогонија. Се е јасно! Сал планината е останата како црно кале врз која капат ѕвездите. Овде не постои мојот детски рај, не постои ниту убав сјај, секој збор си има своја неприродна смрт. Тука кајшто билките се како самовили што нежно ја будат зората, тука и в ноќ и в ден се слушаат сал весели труби кои сакаат пределот да го разбудат. Овде, се замразувам и себеси, и зборовите, и тајниот говор на лисјето, и гранките, со одливот на златните води и немите реки во вителот на мртвите дедови пазуви. Бев мал, многу мал кога во времето наместо птици долетаа ангели кои во ноктите донесоа човечки глави кои ме истераа од мојата земја со лудите ветрови во далечините, никогаш повторно овде да не свијам гнездо! НА КАМЕНОТ НАМЕСТО КРСТ НА ГРОБОТ ОД СЕСТРА МИ На сестра ми Риска Сестро моја, прости! Не успеав да го пронајдам твојот дом, твојот гро малечкиот камен крст, а и како кога си покриена со ѕвездена икра, со црн ветер кој како овената билка стои над тебе ко да си во непроодна шума, во која срамежливо ти доаѓам по толку години со обистинет страв дека нема да те пронајдам. Ти најмила што очите ми ги ослепе, а венецот на вечната тага на вратот ми го врза ко жедна змија, наскоро и ти ќе ме заборавиш оти страдањата ќе продолжат да паѓаат како отровен црн дожд. Па сепак, ти се поклонувам денеска сал тебе, камену црн, што по толку години и продолжени зими, наместо крст стоиш на градите од сестра ми! ВО КАМЕНАТА ОДАЈА НА МАЈКА Ноќва во трошната камена одаја на мајка, до дупката за костени ископана од татко, каде што како дете ме забораваа ја сонив мајка ко секогаш облечена в црнина. Ја сонив мајка тука од каде не прогонија иако таа умре таму, горе во Македонија. Ја сонив со главата в раце, наведната и со црната шамија што секогаш ја носеше напрскана од утринска роса. Кроце чекори мајка, чекори под црниот камен каде зрее тишината на злото, облечена во долгиот небесен воденски фустан. Чекори и како да сака да ми каже дека еден грозен гавран лета над нејзината глава и дека со години веќе шета без татко. Отворам уста како заточеник на вечниот убав сон но, таа без збор исчезнува. Отворам очи. Мајка ко црна грутка ми стои во душата. Исчезнат е и домот и таа, и зрелите страдања, и отровниот дожд што падна, и сите. Стојат само ѕидовите на куќата наша, некогашната претопла одаја како раширено крило од огромна мртва пеперуга. САЛ ГУСТИ ВОДИ На моите сакани Од поодамна не сакаме да ве вознемируваме. Од поодамна во времето на солзите, јас и мајка ви Бера ко безверници низ родни полја, ко скорнати еребици од немило до недраго ги мериме улиците влечкајќи се од едно до друго место, низ некои шуми, крај некои пресушени води кои го подјадуваат коренот на светот, кој е големата куќа на болката, под небово што е вечна тага на животот. Овде-онде по патиштата береме маслинови гранчиња, понекаде и зимзелена смрека со еден злокобен гавран кој упорно не следи и отворено ни кажува дека сака нашите коски да ги закопа. На патот наш застануваме на нежните пилци да им препорачаме да останат на своите ветки, во своите гнезда, крај своите питоми зелени реки. Ах, мили мои, и покрај тоа пгго крај нас се движат се погусти и помрачни води и денес сме облечени во свадбено руво. ВРЗАН КАКО КОЊ О, колку страшно е да си гонет да те гонат како гладен волк, а да бидеш врзан како слеп коњ за плет, како маченик гонет во граници, во соба прикован за кревет, да бидеш заѕидан во својот молк како змија да се виткаш во својот брлог. О, колку страшно е да си врзан коњ, да сакаш нешто топло да кажеш но, се да ти мрзне во грло. Господи златен кој ме унакажа дури и во лесен сон да бидам врзан како коњ. СЕ ПРАЗНИ ГРНЕТО НА МОЕТО СРЦЕ Се празни грнето на срцево тажно. Тоа в пролетни дни, со око влажно што велевме љубов - е трпение. Тоа што липаше беше времето. Од магиите познати на светов, најмногу од с# го сакавме цветот, децата што се враќаат в денот блед ко пилци што правеа кругови в лет. Ах, најмила: некогаш шепотевме тивко со стравотна загриженост. Денес знам: некој злобно да те молзи да те држи во рака како пчела. што се препелка во моите солзи значи: да ти ја смрзне крвта врела. ВЕЌЕ НЕМАМ СИЛИ ДА СЕ БРАНАМ Веќе немам сили, нити ме држи тело од гонители да бранам нешто мое Гледам сал в ноќта и барам нешто твое и с# ми се чини ништо немам свое. Не е моја крвта што низ мене тече, пијанството грозно што мамурно мина ко јадра солза во наплакана вечер удавена в црни градоболни вина. Оставен од сите, с# бега од мене; и жена и деца и с# што е јаве, небо и ангели што лазат по цводот. и главата моја пијана ко одот, предметите драги и тивкоста на денот со мене веќе в мрачни води се дават. ЗБОРОВИТЕ МИ ГОТВАТ ПОГРЕБ Зборовите што ги истурив тука каде каменот како молња блеска, зборовите ми готват погреб тука до овој ковчег под оваа фреска. Но, не знам зошто ми слепее видот, и не знам зошто гледам во ѕидот и бледам ко што ѕвездите в ноќ бледат кога мртви очи немо ме следат. зборовите ми готват погреб тука каде ѕвонат нечии стапки леки под крилјата на ангелот златен каде ко прат се вијат мојте плеќи. Сега знам лута змија ќе ме касне крај ковчегот бел ко свеќа ќе згаснам. ВЕЛЕСТОВСКИ НОЌИ На Крстан и Славе Дал е дојден крајот суден во часот грозен. Тагата на ноќта од гласот засипнат на песот? Тополи горат сред село кај што тишините зборат. Дал ме вика велестовското гробје, светулките бели в Настевото дворје, Северната ѕвезда што искри сее во мрачно нивје кај што семе пее? Дал ме вика велестовското гробје ил детски усни липтат в тажно дворје? небесна реко што го покри светот велестовските ноќи чадат в лето, жално со мене под оревов седат ко гугучки гугат, таговно редат! ЗМИЈА На Т. Полека во тремот ко од црна длапка се појави и започна да се клати. Гордо крена глава во мрачната трапка ко времето што се лелее и злати. Се упати в сенка бел јазик да скрие, пламенот збеснат што како оган блика. Мислам сега роса утринска ќе пие од ладното око на живата слика. О, чудна, болна мисла низ мене мина: „Нема каде? На чекор е ќе ме плени!" Ах, без сила шептам ко што шепти таа: „Боже, зар домов мој со мене ќе свене?!" Дур мислам а срце исплашено бие таа назад свива и в длапка се скрива. ПОДАВАМ РАЦЕ Подавам ѕвонливи раце кон градот што еве и сега спие. Подавам раце кон издлабената слика од споменот што како роса утринска бега. Веќе никој не може да ме убеди дека не страда и ангелот ко жена што реди сред двори кога ме довикуваат високите треви од нашата шума на влезот кога се јавуваат румените зори. Билко помешана со крвав ден и најмрачна ноќ чувствувам во стравотна мака ќе исчезне и моето око и душата моја во смачканиот череп на мајка. Празнино што траеш, мој пеколу и мој рају, занемен камену, прими ме како овенат цвет иако ме презира сиот овој ладнокрвен свет. Прими ме, моја проколната земјо, овде каде што ни ѕвезда ме грее, ни оган ме топли. Во пределот татков песната наша не постои ко злокобно ветре отповеќе е овде и срцето мое. Подавам ѕвонливи раце кон градот што спие сега. Подавам раце кон издлабената слика од споменот тажен како темен крик но тој во просторот бега, во просторот бега! МОЖЕБИ САМО УШТЕ ОВАА ПЕСНА Можеби само уште овој стих и модрово езеро сето во небесен сјај ко истурено семе во ова бесшумно лето ќе дојде од другата страна на минатото време? Можеби? Само уште ова трепнување, ќе секне мојот живот моето спомнување ќе се претвори во строфи, ќе ми скамени кутра душа во земјава што ко оган ита и не гледа како пука кристалот, и не слуша кога догорува мојата кутра душа во земјава што ми беше издржана казна. Два мртви цвета ставете ми в очи. Затворете ми длабнатинки модри да не се разболите од убавина. Само уште ова бесшумно лето во белиот разбуден простор на желбите и само уште оваа песна, потоа нека настапи мрак, и пак мрак, мрак! НАСКОРО КЕ ГО НАСТИГНАМ КРАЈ МАЛАТА РЕКА Често мислам сега ќе се појави под онаа височинка каде го закопавме, ќе се појави долу крај мостот по тесното патче крај широкиот вир на малата река во која некогаш фаќавме риби. Не, никогаш веќе нема да го дочекам! Никогаш нема да се врати по тесното патче! Можеби јас некогаш ќе го настигнам крај малата река во сјајот на Сонцето ко млада сенка на расцутено цветче што блеска од онаа височинка? Знам, ќе го настигнам! Па сепак, и денешниов ден трепери ко тој мајски ден, и денеска како тогаш еден божилак се напи вода од малата река и молкум некаде замина. МИ ЗАТВОРИЈА ВРАТА Секоја затворена врата лесно дише како нема изгладнета подмолна уста, а кога ко суво дрво ветер ја ниша тогаш ја покрива некоја магла густа. Зад таква врата мојата пепел се враќа ко в земја во која некој душмански стремеж се прикрил како тврда конечност што сфаќа дека денес ко бесчувствен труп ќе ме земе. Оддамна ми ги затворија сите врати. И она? в гробиштата каде сенки светат, и она гаму што осамено се клати зад која велат стравотни болести лежат. Ми затворија врата и тажново чело денес ќе го палат моево мртво тело. ПРЕСУШЕН БУНАР Чекор по чекор се симнувам до дното на пресушениот бунар во мојава душа. И, тука, долу, сфаќам: ако сакам да го задржам минатото ќе морам да се откажам од иднината. Среќата никогаш не ја доживеав наполно оти целосна секогаш беше во спомените. Загледан во многулетната шуплина на мојата душа не сакам ниту да ѕирнам, ниту воздишка да пуштам. Па сепак, во грозната темнина здогледувам еден злобен ангел се капе на дното во срушениот бунар. Со нокти грепчи и гласно со темен превез ми покрива очи да си умрам така како што Господ рекол. СЕ ЌЕ МЕ НАДЖИВЕЕ Можеби тука некаде е крајот. По денот умре момчето во мене. Тагата и прогонот ги оставам в есенските лисје, в матните води во стапалките на децата боси. Секнаа сите магични извори. Сега сум сув цвет од нашите планини, паднат немо во широките ливади. Денес знам: се ќе ме надживее; и овој стар орев и оваа слива и онаа дуња што јас ја засадив и велестовскиов суров камењар, и онаа малечка Маркова Река што понекогаш е ко свилен конец, а понекогаш како отворен гроб, и овој молив што тажно чкрта што можеби за последен пат го држам в раце ко совест. И ова небо и ова сиво ѕвездено небо, и ова езеро што е како око. Боже, Боже се, се ќе ме надживее! ВРЕМЕ Е ДА ЗАМОЛЧАМ! Плаошник, сам ден Св.Климент, Охрид, 9- пш пвгуст 2005 г. Вечерва над недшот простор вртатжеднизмшшчакаш , и ко да сакаат крволочнтгге ѕверови , да локнат од моше нежни непца, п ко да мтшуваат да ме погребаат нечеспгоите во денов свиден во кој е време да замо.лчам пред да ми го тргнат огледачото кое бездптосно ме шдава. И овој ден потсетува на денот во кој под крвавиот трендафгш занесено ти шепотев песни. Време е со божествен трепет да му се поклонам на небесниот ангеч и да замолчам, да замо.лчам. Денеска и овде ми е сосема јасно дека и во градов вечен нема бесконечен шгоот, дека животов мој за да биде вистински живот, а не катадневен плен ќе морам коленцето на Јазлестиот ден да го изврзам со звуци од волшебни флејти. Па сепак, ноќва безмилосно бие мојата камбана! Тажните звуци, најверојатно, ги галат оние што умреа млади. Брате Клименте, златено писмо мое, просо послано по тажнава земја време е да ја прегрнеме нашава татковина, ако навистина имаме татковина? Време е со љубов, на разделбата да и погледнеме в очи, ко расплаканиот светец пгго непрестајно го гледа своето болно дете. Истече времето во кое бујни сокови како волшебна светлина ми го полнеа срцето. Мина времето во кое ги љубев сите од нашиот род. Во кое не се плашев за себе, туку за оние што ги љубев! Ангелу невин, собери ја лековитата трева од полите на бистрата Галичица, и положи ја на мојата камена перница. Нека биде радост во мојот вечен дом, во мојава тврдина тука кај што нема